Pratenichki sostav
 
Пратенички состав


 

 

Петковски Тито 
  

 

 

 

Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) од неговото основање. 
      
Поседува долгогодишно политичко искуство во законодавната власт и во политичката партија. Во еден период бил координатор на пратеничката група на СДСМ. Поседува долгогодишно искуство на раководни функции во општествено-политички организации. Бил делегат во Собранието на општина Карпош, Скопје, делегат и потпретседател на Собранието на Град Скопје. Член на Комисијата за уставни прашања при Собранието на РМ и член на Советот на Интерпарламентарната унија. Бил потпретседател, а во 1996 година и претседател на Собранието на РМ. Член на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на РМ. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Грција и на пратеничката група за соработка со парламентите на Кралството Норвешка, Република Финска, Кралството Шведска, Кралството Данска и Република Исланд. 
      
Роден 1945 година во с. Псача, Крива Паланка, РМ. Македонец. Завршил Правен факултет. Работел во Општинскиот суд во Крива Паланка, а потоа и во Републичкиот завод за урбанизам, станбени и комунални дејности. Добро го знае францускиот, а се служи и со англискиот јазик. Бил пратеник во Собранието на РМ и во претходните два мандати од 1990 до 1994 и од 1994 до 1998 година. Живее во Скопје.
     

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.