Pratenichki sostav
 
Пратенички состав


 

                                                     Ковачески Стојан
 
 


    
 
  
 

 

 Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
     
  
   Бил претседател на Општинскиот синдикален совет - Струга, член на Сојузниот одбор на Синдикатот за здравство. Член на Централниот одбор на Претседателството на СДСМ. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Руската Федерација. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Монголија.
     
  
   Роден 1941 година во Струга, РМ. Македонец. Завршил Медицински факултет, специјалист по интерна медицина. Работел како лекар на село, бил директор на Заводот за нефрологија во Струга, каде што сега работи како специјалист по интерна медицина, односно нефрологија. Добро го знае рускиотот јазик, а се служи и со францускиот јазик. Бил пратеник на СДСМ во Собранието на РМ и во претходните два мандати од 1990 до 1994 и од 1994 до 1998 година. Живее во Струга.

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.