Pratenichki sostav
 
Пратенички состав


 

                                                    Поповски Љубомир
 
 


    
 
  
  


Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
     
  
   Бил претседател на Комисијата за одбрана и внатрешна политика при Собранието на РМ од 1990 до 1998 година. Бил координатор на пратеничката група на СДСМ од 1994 до 1998 година. Член на Советот на Интерпарламентарната унија и член на Советот на ОБСЕ и на земјите од Европската унија. Претседател на Комисијата за надзор на работата на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање при Собранието на РМ од 1999 година. Член на делегацијата на Собранието на РМ во Интерпарламентарната унија. Член на делегацијата на Собранието на РМ во Собранието на Западноевропската унија. Претседател на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Словенија.
     
  
   Роден 1951 година во Битола, РМ. Македонец. Завршил Факултет за политички науки. Се служи со францускиот јазик. Бил пратеник во Собранието на РМ во двата претходни мандати од 1990 до 1994 и од 1994 до 1998 година. Живее во Скопје.

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.