Pratenichki sostav
 
Пратенички состав


         

                                                           Абдулаи Јонуз
 
 


    
 
  
     


 Член на Партијата за демократски просперитет на Албанците во Македонија - Народна демократска партија (ПДПА - НДП).
     
  
   Член на Народната демократска партија (НДП) и советник во општина Гостивар. Вршител на должноста градоначалник на општина Гостивар. Член на делегацијата на Собранието на РМ во парламентарната делегација на Централноевропската иницијатива. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Италија. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска.
     
  
   Роден 1955 година во Гостивар, РМ. Албанец. Завршил Факултет за политички науки, магистер по политички науки. Бил вработен како предавач во Работничкиот универзитет во Гостивар и како раководител на Центарот за општо и стручно образование. Бил советник во Општинскиот совет на Гостивар. Се служи со англискиот и францускиот јазик. Живее во Гостивар.

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.