Петок, 23 јули 2021

ГЛОБАЛНА РАЗМЕНА НА ХДП ЗА ЕТИКА И ИНТЕГРИТЕТ ВО ПАРЛАМЕНТОТ

Претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, Панчо Минов и членовите и заменик-членовите на Комисијата, Белкиса Зеќири, Марија Костадинова, Дајанчо Ефтимов, Арбана Пашоли и Рина Ајдари, зедоа учество на Глобалната размена на Комисијата за демократско партнерство (ХДП) на тема: „Етика и интегритет во парламентот“.

повеќе...

 

Вторник, 20 јули 2021

ВИДЕО-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА КОМИСИИТЕ ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА НА ДРЖАВИТЕ ЧЛЕНКИ НА ЕУ - КОСАК

Во рамките на Словенечкото претседателство со Европската Унија, претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Арбер Адеми, учествуваше на Видео-конференција на претседателите на парламентарните комисии за европски прашања на земјите членки на ЕУ (КОСАК), што се одржа на 19 јули 2021 година.

повеќе...

 

Четврток, 15 јули 2021

ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИСОКО НА АГЕНДАТА НА СЛОВЕНЕЧКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО

Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања одржаа заедничка седница, на која беше извршена презентација на Програмата и приоритетите за работата на Словенечкото претседателство со Советот на Европската Унија за периодот јули - декември 2021 година, од страна на словенечкиот амбасадор, Н.Е. Милан Предан.

повеќе...

 

Петок, 23 јули 2021 

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, составена од потпретседателот Горан Мисовски, во состав Даниела Николова, Бети Стаменкоска-Трајкоска и Бедри Фазли, по повод од катастрофалниот земјотрес во Скопје, на 26 јули 2021 година (понеделник), во 10:00 часот, ќе положи венец свежо цвеќе на Градските гробишта Бутел.

повеќе...

 

Понеделник, 21 јуни 2021 година

ИНТЕРПАРТИСКАТА ПАРЛАМЕНТАРНА ГРУПА ЗА ПРАВАТА НА ЛГБТИ ЛУЃЕТО СЕ ПРИДРУЖУВА НА ВТОРИОТ СКОПЈЕ ПРАЈД

Под мотото „Вон ѕидовите“ на 26 јуни(сабота) 2021година, во Скопје, ќе се одржи втората парада на гордоста (Skopje Pride) во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.  

повеќе...

 

Понеделник, 21 јуни 2021 година

УЧЕСТВО НА СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЛЕТНАТА СЕСИЈА НА ПС СЕ ВО СТРАЗБУР

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав Бисера Костадиновска Стојчевска, заменик шеф и Александар Николоски и Арта Биљали Зендели, членови, ќе учествуват на летната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа која ќе се одржи во Стразбур, Франција од 21 до 24 јуни 2021 година. Според агендата на сесијата, пратениците ќе расправаат за заштитата на основните права и правните импликации на Ковид пасошите или сертификатите, како и социо-економската криза предизвикана од пандемијата и нејзиното влијание врз правата на децата.

повеќе...

 

Среда, 27 јанаури 2021 година

СРЕДБА НА НИКОЛОСКИ СО АМБАСАДОРОТ НА КРАЛСТВО ШПАНИЈА

Николоски на средбата информираше за улогата, целите и надлежностите на Националниот совет за евроинтеграции, принципот на консензуално одлучување и инклузивниот карактер на телото, кое дава можност за расправа на преставници не само на законодавната и извршната власт туку и на општествениот сектор, МАНУ, ЗНМ, ЗЕЛС, стопанските комори, религиските заедници. Николоски изрази благодарност за поддршката која Шпанија ја дава за европската интеграција, како на политичко така и на експертско ниво. 

повеќе...

 

Петок, 15 јануари 2021 

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ НИКОЛОСКИ СО АМБАСАДОРОТ НА СЛОВЕНИЈА

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Милан Предан.

Николоски го запозна амбасадорот со надлежностите и составот на Националниот совет за евроинтеграции, со улогата која ја има Советот во процесот на пристапување кон ЕУ, консензуалното одлучување во телото, како и со активностите на Советот во периодот кој следи. Претседателот на Советот изрази оптимизам за плодна соработка во иднина и пренесување на искуствата кои Словенија ги има во процесот на пристапни преговори.

повеќе...

 

Петок, 15 јануари 2021 година

СРЕДБА НА НИКОЛОСКИ СО АМБАСАДОРОТ НА ХРВАТСКА 

Николоски информираше за конституирањето на Националниот совет за евроинтеграции, за надлежностите и составот на телото, неговата улога во процесот на пристапните преговори, како и за принципот на донесување на одлуки со консензус. Претседателот на Советот изрази задоволство од континуираните добри односи со Хрватска, која како земја членка на ЕУ и близок пријател на Македонија, дава поддршка и придонесува за позитивна афирмација на државата на нејзиниот евроинтегративен пат. 

повеќе...

 

Вторник, 5 јануари 2021

ПОРТУГАЛИЈА - НОВ ПРЕТСЕДАВАЧ СО СОВЕТОТ НА ЕУ

Со стартот на новата година, Португалија го презеде ротирачкото претседателство со Советот на Европската Унија.

повеќе...

 

Петок, 18 декември 2020

„САХАРОВ“ ЗА ДЕМОКРАТСКАТА ОПОЗИЦИЈА ВО БЕЛОРУСИЈА

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, ја додели наградата „ Сахаров“ за слобода на мислење за 2020 година на Демократската опозиција во Белорусија.

повеќе...

 

Петок, 27 март 2020 година

НАШАТА ЗЕМЈА 30-ТА ЧЛЕНКА НА НАТО

Денеска нашата земја стана 30-та членка на НАТО, откако го депонираше својот инструмент за пристапување кон Северноатлантскиот договор пред Министерството за надворешни работи на САД во Вашингтон.

повеќе...

 
Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.