повеќе...

Вторник, 19 април 2022
Од заедницата за граѓаните – од граѓаните за заедницата
Денес претседателката на Клубот на пратенички, Лолита Ристова се обрати на настан организиран од УНДП на кои се говореше за новите трендови во иновативните социјални услуги. На овие и на други теми поврзани со моделите за социјална услуга на локално ниво говореа околу 130 претставници од локалната самоуправа, центри за вработување и други локални партнери.
повеќе...
Среда, 30 март 202
Размена на практики со пратенички од Таџикистан за зајакнување на улогата на жените во парламентите
Денеска, Клубот на пратенички на Собранието, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Пратеничката група за соработка на Република Северна Македонија за соработка на Парламентите на Република Казахстан, Киргистанска Република, Република Таџикистан, Република Узбекистан и Турменистан, одржаа средба со пратенички од Парламентот на Република Таџикистан во рамки на студиска посета: Размена на добри практики за вклучување на родовата перспектива и зајакнување на улогата на жените во Парламентот на Северна Македонија.
повеќе...
Петок, 25 март 2022
Побарана поддршка од пратеничките за воведување на кривичното дело „сексуална изнуда“ како облик на родово базирано насилство
Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Гордана Сиљановска-Давкова; заменик-претседателката на Клубот на пратенички, Благица Ласовска и пратеничката Снежана Калеска-Ванчева, одржаа средба со Ина Џугуманова Тона Карева и Наташа Петковска од Хелсиншкиот комитет за човекови права, со посредство на Александра Крстеска од НДИ.
повеќе...

Четврток, 10 март 2022
Средба на Клубот на пратенички со пратенички од Косово
Клубот на пратенички на Собранието на Република Северна Македонија денес одржа средба со пратенички од Парламентот на Република Косово за споделување парламентарни практики: „Патот од ратификација до имплементација на Истанбулската конвенција“. Средбата се реализираше со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Косово.
повеќе...
Среда, 9 март 2022
Осмомартовски марш со учество на Клубот на пратенички
Вчера, по повод 8 Март, пратенички од Клубот на пратенички одговорија на повикот од Платформата за родова еднаквост и маршираа заедно со претставниците на граѓанскиот сектор, од пред Влада по предвидената рута до Паркот Жена Борец и го проследија нивното обраќање до јавноста и институциите. Оваа година маршот беше под слоганот „Сиромаштијата има женско лице“.
повеќе...
Петок, 21 јануари 2022
Средба на Клубот на пратенички со студенти од Џон Хопкинс
Денеска, Претседателството на Клубот на пратенички одржа средба со студенти од Универзитетското училиште за напредни меѓународни студии Џон Хопкинс. На средбата присуствуваа професорот Шнеебаум и 12 студенти со цел да обезбедат практично искуство од областа на човековите права. Имено, тие секоја година одбираат прашање и земја за истражување во период од два семестра, што резултира со сеопфатен извештај и заклучоци.
повеќе...
Понеделник, 20 декември 2021
Клубот на пратенички клучен во промовирање и унапредување на родовата еднаквост
Претседателката на Клубот на пратенички, Лолита Ристова учествуваше на состанок за координација и планирање за пратенички, а во врска со основање на алијанса на пратенички во Парламентот на Република Албанија. Ристова учествуваше во сесијата за размена на искуства со Клубовите на пратенички на земјите од регионот.
повеќе...

Четврток, 9 декември 2021
„Не молчи, не трај, СТАВИ КРАЈ!“
Собранието на Република Северна Македонија во организација на Клубот на пратенички, а со поддршка на UnWomen се вклучи во одбележување на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“.
повеќе...
Четврток, 18 ноември 2021
Работилница со пратеници и стручна служба - Институционализација на родовата сензитивност во Собранието
Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Клубот на пратенички со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираа работилница за родово сезнитивни парламенти, која се одржа од 16 до 18 ноември.
повеќе...
Четврток, 4 ноември 2021
Работна средба на Клубот на пратенички
Клубот на пратенички денеска одржа работна средба со НДИ и со претставнички на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, која подготви документ за дополнување и изменување на Предлогот кој Владата го усвои на 26 јули и го достави до Собранието на Република Северна Македонија, а се однесува на измени и дополнувања на Кривичниот законик и негово усогласување со одредбите на Истанбулската конвенција.
повеќе...
Понеделник, 20 септември 2021
Вебинар за родовите социо-економски влијанија на Ковид-19 врз жените
Претседателката на Клубот на пратенички Лолита Ристова денеск зеде учество на вебинарот на тема „Родовите социоекономски влијанија на КОВИД-19 врз жените“, кој беше организирам во рамките на Програмата за парламентарна поддршка на НДИ во соработка со Регионалната иницијатива на НДИ за законодавно зајакнување. На вебинарот учествуваа и пратеничките Моника Зајкова, Драгица Ѓавочанова и Марија Костадинова.
повеќе...

Среда,15 септември 2021
ЛОЛИТА РИСТОВА НА КОНФЕРЕНЦИЈА „ЖЕНИТЕ ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА“
Претседателката на Клубот на пратенички, Лолита Ристова денес учествуваше на панелот „Улогата на парламентите во унапредувањето на родовата еднаквост“ во рамките на КОНФЕРЕНЦИЈА „ЖЕНИТЕ ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА во организација на Министерството за надворешни работи.
повеќе...

Четврток, 29 јули 2021
Состанок на Клубот на пратенички за предлог-измените на Изборниот законик
Претседателството на Клубот на пратенички денеска одржа состанок на кој беа разгледани предлог-измените на Изборниот законик.
повеќе...
Петок, 2 јули 2021
Втора тематска сесија на тема „Вознемирување и сексуално вознемирување“
Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Клубот на пратенички, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организираше втора тематска сесија на тема: „Вознемирување и сексуално вознемирување на работното место“.
повеќе...
Вторник, 1 јуни 2021
Состанок со претставници од Венецијанската комисија за родова еднаквост
Членови на Комисијата за еднакви можности и на Клубот на жените пратенички денеска остварија состанок со претставници од Венецијанската комисија во однос на нацрт-верзијата на Законот за родова еднаквост.
повеќе...
Петок, 21 мај 2021 година
Прва тематска средба за родово сензитивни политики и процедури во Собранието
Со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Клубот на пратенички ја организираа првата работна средба за родово сензитивни политики и процедури во Собранието на Република Северна Македонија на тема: „Репрезентативност во раководството, работните тела, делегациите и службата“.
повеќе...
Среда, 19 мај 2021
Состанок на Клубот на пратенички
Претседателството на Клубот на пратенички на Собранието на Република Северна Македонија вчера одржа состанок, на кој се дискутираше за активностите од неговото формирање, барањата од НВО и идните активности.
повеќе...
Петок, 16 април 2021
Работна средба за подобрување на состојбата на жените од руралните средини
Претседателките на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и на Клубот на пратенички, Гордана Силјановска-Давкова и Лолита Ристова, како и пратенички од двете собраниски тела, денеска остварија работна средба со Националната федерација на фармери (НФФ).
повеќе...
Среда, 3 март 2021
ХДП глобална размена: зајакнување, омоќнување и интегрирање на учеството на жените во парламентите
Пратеничките Арта Биљали-Зендели, Лолита Ристова и Марија Петрушевска учествуваа во Глобалната размена: зајакнување, омоќнување и интегрирање на учеството на жените во парламентите.
повеќе...
Понеделник, 22 февруари 2021 година
Средба на Лолита Ристова со евроамбасадорот Дејвид Гир
На почетокот, претседателката Ристова го истакна своето задоволство од можноста за реализација на оваа средба, воедно го информираше евроамбасадорот Гир за формирањето, составот, улогата и досегашните достигнувања на Клубот. Исто така, таа го запозна со трите главни поенти на кои ќе биде насочен Клубот во наредниот период, меѓу кои 50:50 застапеност на жените во политиката, нивна поголема видливост во политичкиот живот, како и квотата на жени во извршната власт, од декларативната заложба да стане реалност.
повеќе...
Петок, 29 јануари 2021 година
Онлајн состанок на тема: „Јакнење на лидерството на жените во време на глобална здравствена криза“
Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, заедно со Клубот на пратенички и Комисијата за европски прашања, денеска, одржa состанок со европратеници од Комисијата за права на жените во Европскиот Парламент.
повеќе...
Петок, 15 јануари 2021
Онлајн презентирани наодите од анализата на Деловникот и Законот за Собрание од аспект на родот и различностите
Оваа активност е дел од Планот за унапредување на родовата сензитивност на Собранието 2020-2021, а наодите и препораките ќе му послужат на законодавниот дом за надградување на овие два документи со родово-сензитивни одредби.
повеќе...
Среда, 30 декември 2020
Конститутивната седница на Клубот на пратенички
Денеска се одржа конститутивната седница на Клубот на пратенички на Собранието на Република С. Македонија, која ја свика и со неа претседаваше пратеничката Гордана Сиљановска-Давкова.
повеќе...
повеќе...
Понеделник, 25 ноември 2019 година
Клубот на пратенички се приклучува и ја поддржува глобалната кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојки“
Клубот на пратенички, во соработка со Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, денеска одржа панел-дискусија на тема: „Предлог-модел за реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на семејно насилство”, во Хотелот „Холидеј Ин“.
повеќе...
Понеделник, 23 септември 2019 година
Клубот на пратенички во борба против говорот на омраза
По повод неделата на женски права и родова еднаквост од 22 до 29 септември, Клубот на пратенички на Собранието на Република Северна Македонија, со поддршка на УСАИД И Националниот демократски институт (НДИ), денеска одржаа Регионална Конференција на тема: Регионалната соработка во унапредувањето на родовата еднаквост/рамноправност и борбата против говорот на омраза.
повеќе...
Петок, 13 септември 2019 година
Средба на Клубот на пратенички со директорката на МОФ, Рение Јотова
Клубот на пратенички на Собранието на Република Северна Македонија вчера оствари средба со Рение Јотова, директорка на Меѓународната организација на франкофонијата (МОФ), одговорна за Централна и Источна Европа. Во придружба на директорката беа и Каталина Спину, соработник од регионалната канцеларија во Букурешт; националниот кореспондент за МОФ, Африм Јашари и Марија Николова, претставничката на Комисијата за франкофонија при МОН.
повеќе...
Четврток, 5 септември 2019 година
Разгледана Предлог-комуникациската стратегија на Клубот на пратенички
Клубот на пратенички на Собранието на Република Северна Македонија вчера ја разгледа Предлог-комуникациската стратегија, која е подготвена во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
повеќе...
Петок, 21 јуни 2019 година
Парламентарките да бидат модел за новите генерации
Клубот на пратенички на Собранието на Република Северна Македонија во соработка со Мисијата на ОБСЕ одржа четири часовна работилница која е дел од процесот за изработка на: Комуникациската стратегија на Клубот на пратенички.
повеќе...
Среда, 15 мај 2019 година
Надежта на демократијата е во рацете на жените
Клубот на пратенички на Собранието на Република Северна Македонија одржа работна средба со новиот претседател на Национален Демократски Институт од Вашингтон, г. Дерек Мичел, во негова придружба беше и г. Роберт Бенџамин, регионален директор на НДИ за Централна Источна Европа.
повеќе...
Четврток, 4 април 2019 година
Работилница за анализа на потребите од усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција
Македонското женско лоби организираше работилница со Клубот на пратенички на тема: „Анализа на потребите од усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција во Република Северна Македонија“.
повеќе...
Понеделник, 11 март 2019 година
Учество на Собраниска делегација на Десеттата седница на Парламентот на жените во Црна Гора
На меѓународниот ден на жената 8 Март, денот кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите делегација составена од: претседателката на Клубот на пратенички на Собранието на Северна Република Македонија, г-ѓа Ѓулумсер Касапи; генералниот секретар на Собранието на Северна Република Македонија, г-ѓа Цветанка Иванова – поранешна пратеничка и координаторка на Клубот на пратенички и пратеничката Весна Дамчевска-Илиевска на покана на Комитетот за родова еднаквост присуствуваше на: Десеттата седница на Парламентот на жените, во Собранието на Република Црна Гора.
повеќе...
Среда, 20 февруари 2019 година
Работна средба на Клубот на пратенички
Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија вчера одржа работна средба со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Во придружба на министерката беше тим составен од советници во Кабинетот на министерката Царовска, како и од Секторот за социјална заштита.Целта на работната средба беше министерката со својот тим да ги информира пратеничките преку Клубот за новите закони од социјалната сфера:
повеќе...
Среда, 13 февруари 2019 година
Бејли: Постигнувањата на Клубот на пратенички се постигнувања и на граѓаните
Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија вчера одржа работна средба со амбасадорот на САД, г-дин Џес Бејли. Во придружба на амбасадорот беше и новата директорка на канцеларијата на УСАИД, Гречен Биркл како и Слаѓана Србинсока, менаџмент специјалист од УСАИД.
повеќе...
Вторник, 5 февруари 2019 година
Работна средба на Клубот на пратенички
Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија вчера одржа работна средба, на која покрај членовите на претседателството на Клубот на пратенички, беа поканети и сите пратенички на Собранието на Република Македонија, како и генералната секретарка на Собранието на Република Македонија, Цветанка Иванова.
повеќе...

Петок, 14 декември 2018 година
Работна средба на Клубот на пратенички на тема „Малолетнички бракови“
Клубот на пратенички вчера одржа работна средба на тема „Малолетнички бракови“. Настанот се организираше во соработка со Националниот демократски институт (НДИ). На работната средба присуствуваа пратенички од повеќето пратенички групи во Собранието на Република Македонија.
повеќе...
Петок, 23 ноември 2018 година
Состанок на Клубот на пратенички за родовиот аспект и климатските промени
Во Женската соба, координаторката на клубот на пратенички во Собранието на Република Македонија, Ѓулумсер Касапи, претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Даниела Рангелова, како и претставниците на УНДП, НДИ, Министерство за животна средина и просторно планирање и Министерство за труд и социјална политика дискутираа како официјалните комисии и тела во Парламентот можат да дадат свој придонес во поголемо преземање на дејствија насочени кон ублажување и намалување на климатските промени и ранливоста на мажите и жените од климатските промени.
повеќе...
Среда, 10 октомври 2018 година
Отворена Соба на Клубот на пратенички
Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, во пресрет на утрешниот празник 11 Октомври - Денот на востанието на Македонија, организираше отворање на Соба на Клубот на пратенички.
повеќе...

Петок, 27 јули 2018 година
Клубот на пратенички на средба со млади лидери од Таџикистан
Клубот на пратенички одржа средба со делегација од Таџикистан, составена од 15 млади лидери-шампиони за родови прашања во нивната земја. Средбата беше на предлог на мисијата на ОБСЕ во Скопје, а на неа присуствуваа Ѓулумсер Касапи, координаторка; Даниела Рангелова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и членка на Клубот; Ивана Туфегџиќ, координаторка на Клубот на млади; како и пратеничките Лилјана Кузмановска, Мери Лазарова и Лилјана Затуроска.
повеќе...
Вторник, 17 јули 2018 година
Работен ручек-состанок на Македонското женско лоби со парламентарките
Македонското женско лоби организираше работен ручек-состанок со парламентарките, на тема: „Родови предизвици пред новиот изборен законик”. На состанокот, кој се одржа во хотелот Best Western, присуствуваа 28 претставнички од сите политички партии.
повеќе...
Четврток, 7 јуни 2018 година
Работна средба на Клубот на пратенички за родово одговорно креирање на политики и буџетирање
Клубот на пратенички, во соработка со UN Women и Министерството за труд и социјална политика, одржа трета тематска работна средба под наслов „Родово одговорно креирање на политики и буџети“.
повеќе...
Вторник, 20 март 2018 година
Зајакнување на капацитетите на Клубот на пратенички
Клубот на пратенички, во организација на Организацијата за безбедност и соработка во Европа - Мисија во Скопје (ОБСЕ), одржа обука на тема „Зајакнување на капацитетите на Клубот на пратенички“.
повеќе...
Четврток, 8 март 2018 година
Клубот на пратенички со заедничка и единствена цел - РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ!
Клубот на пратенички вчера ја одбележа 15-годишнината од своето формирање. Како прв клуб во Регионот, со години е пример за другите парламенти како може жените да се обединат околу за нив битни прашања, надминувајќи ги политичките, етничките и верските граници.
повеќе...
Петок, 6 октомври 2017 година
Претставување на кандидатките за градоначалнички
Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија во соработка со Националниот демократски институт НДИ, денеска организира промоција на кандидатките за градоначалнички на претстојните локални избори во Република Македонија.
повеќе...
Среда, 4 октомври 2017 година
Промоција на кандидатки за градоначалнички во Република Македонија
Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, во соработка со Националниот демократски институт НДИ, организира: Промоција на кандидатки за градоначалнички во Република Македонија.
Промоцијата ќе се одржи на 6 октомври 2017 година, во Сала „Борис Трајковски“ во Собранието на Република Македонија, со почеток во 12.00 часот.
повеќе...
Вторник, 26 септември 2017 година
Градиме мостови на разбирање
Во организација на UN Women и Македонско женско лоби (МЖЛ), во Струга на 21 и 22 септември се одржа Работилница под мотото „Градиме мостови за разбирање“, на која учествуваа членки на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија.
повеќе...
Четврток, 27 јули 2017 година
Состанок на Претседателството на Клубот на пратенички
По барање на пратеничката Лилјана Кузмановска, на 24 јули 2017 година се одржа состанок на Претседателството на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, на кој беа разгледани конкретни случаи, кои се однесуваат на позицијата и статусот на жената, по однос на работното место.
повеќе...

Петок, 21 јули 2017 година
Средба на Клубот на пратенички на тема: „Клуб на пратенички, достигнувања и приоритети”
На средбата присуствуваа членките на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, поранешните координаторки и заменик-координаторки на Клубот, претставници на невладините и меѓународните организации, Националниот демократски институт и Европската комисија.
повеќе...
Четврток, 20 јули 2017 година
Клубот на пратенички - достигнувања и приоритети
Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија ќе организира средба на тема: „Клуб на пратенички, достигнувања и приоритети“.
На средбата се поканети членките на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, поранешните координаторки и заменик-координаторки на Клубот, претставници на невладините и меѓународните организации, Националниот демократски институт и Европската комисија.
Средбата ќе се одржи на 20 јули 2017 година (денеска) во 14.00 часот, во Сала на Уставна комисија.
Четврток, 6 јули 2017 година
Конститутивен состанок на Клубот на пратенички
Денескa, Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија одржа конститутивен состанок на кој за координаторка беше предложена и избрана пратеничката од СДСМ, Ѓулумсер Касапи, а беше договорено пратеничките од парламентарните партии, да делегираат членки на претседателството на клубот.
повеќе...
Архива