Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Петок, 2 јули 2021

Втора тематска сесија на тема „Вознемирување и сексуално вознемирување“

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Клубот на пратенички, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организираше втора тематска сесија на тема: „Вознемирување и сексуално вознемирување на работното место“.

Оваа онлајн средба е дел од циклусот работни состаноци чија цел е подобрување на Деловникот и другите процедури и политики во Собранието од аспект на родот и различностите.

Состанокот го отворија претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите Гордана Сиљановска-Давкова и претседателката на Клубот на пратенички, Лолита Ристова.

Претставниците на Мисијата ги презентираа најдобрите практики и меѓународни стандарди за парламентарните политики за вознемирување и сексуално вознемирување, домашната правна рамка, како и коментарите на ОДИХР за Деловникот и Законот за Собранието од аспект на родот и различноста.

По презентациите, следеше дискусија и излагања од страна на пратеничките и претставниците од стручната служба.

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.