Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Среда, 19 мај 2021

Состанок на Клубот на пратенички

Претседателството на Клубот на пратенички на Собранието на Република Северна Македонија вчера одржа состанок, на кој се дискутираше за активностите од неговото формирање, барањата од НВО и идните активности.

Состанокот го свика и со него претседаваше претседателката Лолита Ристова. Таа ги информираше присутните за презентацијата на анализата на Деловникот и Законот за собрание од родов аспект, за средбата со европратениците од Комисијата за правата на жените во ЕП, за проектите на НДИ и за средбата со евроамбасадорот Дејвид Гир.

Во делот на соработката со НВО, пратеничките споделија искуство од средбите со Мрежата на жени фармери и Здружението за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување – До бебе по патот на ИВФ, чии барања  понатаму во соработка со инститициите и експертите ќе се разгледаат од стручен аспект.

Пратеничките разговараа и за иницијативата на Здружението за родова еднаквост - ЕДНА МОЖЕ! за формирање на група од пратенички и пратеници за поддршка на еднородителските семејства во матичната комисија, која во соработка со Клубот ќе лобира за сите отворени прашања.

На крајот од состанокот пратеничките го дискутираа и новиот Предлог-закон за буџети, за кој подготвуваат амандмански измени во делот на родово-одговорното буџетирање, согласно пристигнатите предлози од ЗГ Центар за креирање на политики и истражувања, но и во консултација со МТСП.

Претседателката на Клубот, Лолита Ристова, ја најави првата тематска средба во соработка со Мисијата на ОБСЕ за родово сензитивни политики и процедури во Собранието на Република Северна Македонија, на која ќе се дискутира за репрезентативноста во раководството, делегациите, работните тела и другите тела во Собранието. 

 

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.