Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Четврток, 5 септември 2019 година

Разгледана Предлог-комуникациската стратегија на Клубот на пратенички

Клубот на пратенички на Собранието на Република Северна Македонија вчера ја разгледа Предлог-комуникациската стратегија, која е подготвена во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Средбата ја отвори претседателката на Клубот, Ѓулумсер Касапи, која укажа на важноста од подготовката на овој документ со кој ќе се постигне зајакнување на  капацитетите на Клубот во остварувањето на целите на истиот. 

Стратегијата ја презентираше експертот Гоце Пачемски, тргнувајќи од резултатите од анализата на состојбата и перцепцијата за Клубот на пратенички кај претставниците на партнерски организации и другите општествени чинители, како и досегашаниот начин на функционирање на Клубот и неговите програмски цели.

Овој документ се темели на принципот на градење партнерства и остварување заемно полезна соработка со организации, институции, групи и поедини експерти и влијателни личности во општеството кои имаат слични или исти аспирации, интереси и цели на делување со Клубот на пратенички.

По презентацијата се разви дискусија во која пратеничките се произнесоа со сугестии и забелешки во насока на дополнување и подобрување на стратегијата, која вака дополнета во понатамошниот период би била усвоена како финална верзија.

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.