Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Четврток, 4 април 2019 година

Работилница за анализа на потребите од усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција

Македонското женско лоби организираше работилница со Клубот на пратенички на тема: „Анализа на потребите од усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција во Република Северна Македонија“.

На работилницата, која се одржа во хотел Солун, присуствуваа претставнички на Клубот на пратенички  од сите политички партии и претставници на Министерството за труд и социјална политика.

Целта на работилницата беше да се претстави и продискутира анализата која е изготвена како резултат од спроведениот проект кој се однесува на имплементирање на препораките кои произлегуваат од Истанбулската конвенција. Анализата е основана на примарни и секундарни податоци. Примарните податоци се добиени по пат на интервјуа и квалитативно истражување на перцепции со употреба на метод дискусија во фокус групи со релевантни чинители и засегнати страни. Секундарните податоци се добиени преку кабинетско истражување. 

Проектот „Застапување за експертски дијалог помеѓу Владата и Собранието за законски промени од областа на родово бизирано насилство и родова базирана дискриминација, во согласност со меѓународните стандарди, механизми за човекови права и европски директиви и Истанбулска конвенција" е спроведен од Македонското женско лоби во соработка со Центарот за истражување и креирање политики поддржани од UN WOMEN.

Во договор со Министертвото за труд и социјална политика, фокус на овој проект се активностите предвидени во Националниот акциски план за реализирање на Конвенцијата, а се однесуваат на измени во Кривичниот законик. 

По претставувањето на проектот и презентирањето на анализата, се разви дискусија преку која се дадоа предлози во однос на промените кои треба да се воспостават во Кривичниот законик, како и потреба од понатамошно обсервирање на проблематиката низ призмата на останатите закони предвидени за промена согласно конвенцијата.

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.