Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Петок, 21 јуни 2019 година

Парламентарките да бидат модел за новите генерации

Клубот на пратенички на Собранието на Република Северна Македонија во соработка со Мисијата на ОБСЕ одржа четири часовна работилница која е  дел од процесот за изработка на: Комуникациската стратегија на Клубот на пратенички.

Работилницата се одвиваше во просторијата 213 наменета за Клубот на пратенички, а на истата присуствуваа петнаесетина пратенички од различни политички партии.

Претседателката на Клубот, г-ѓа Ѓулумсер Касапи, со своето воведно обраќање се заблагодари на безрезервната поддршка од страна на ОБСЕ и укажа на важноста од изготвувањето на оваа стратегија која е од огромно значење за Клубот и истата ќе помогне во натамошното фукнционирање на истиот, како и во остварување на неговите цели и приоритети кои произлегуваат од Стратешкиот план за работа.

На работилницата беше присутна и г-ѓа Ангелка Пеева Лауренчиќ – основач и извршен директор на ImagePR – Агенција за односи со јавност и поранешна пратеничка во Собранието. Таа во своето обраќање  даде лично видување на родовиот аспект, сподели сопстевени искуства  и ги охрабри  парламентарките  да бидат модел за новите генерации бидејќи секоја генерација треба да даде чекор плус . Таа истакна дека можеби парламентарките не можат да превземат за дадено прашање  нешто сега, но она што можат е барем да ги охрабрат идните генерации да го сторат потребното.

Во првиот дел од работилницата од страна на г. Гоце Пачемски, специјалист за стратешки комуникации беше презентиран концептот на ефикасни односи со јавност, како и моделот на стратешко планирање и управување со комуникациите.

Додека во вториот дел г. Пачемски ја презентираше анализата на одговорите на прашалникот за подготовка на комуникациската програма на Клубот на пратенички.

Во текот на целата работилница владееше атмосфера на конструктивна дебата која на крајот беше насочена на клучните наоди од анализата и предлози за активности и проекти кои ќе бидат дел од комуникациската програма.

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.