Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Среда, 30 декември 2020

Конститутивната седница на Клубот на пратенички

Денеска се одржа конститутивната седница на Клубот на пратенички на Собранието на Република С. Македонија, која ја свика и со неа претседаваше пратеничката Гордана Сиљановска-Давкова.

Во свечениот дел свое обраќање имаа претседателот на Собранието, Талат Џафери и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова. Формирањето на Клубот на пратенички го поздрави и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. Во работата на констутивната седница учествува и пратеничките Снежана Калеска-Ванчева и Жаклина Пешевска.

За претседателка на Клубот на пратенички во актуелниот мандатен период беше избрана пратеничката Лолита Ристова, а за нејзина заменичка - пратеничката Благица Ласовска.

На конститувната седница беше избрано и новото Претседателство на Клубот на пратенички, во следниот состав: Снежана Калеска-Ванчева, Маја Морачанин, Соња Мираковска, Љатифе Шиковска, Рина Ајдари, Жаклина Пешевска, Олга Лозановска, Лидија Петкоска, Иванка Василевска, Ангелинка Петкова и Илире Даути.

Во работата на претседателството на Клубот по функција учестува и претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажитe, Гордана Сиљановска-Давкова.

Лолита Ристова, претседателката на Клубот на пратенички, во своето обраќање, најпрво се заблагодари за укажаната доверба и истакна дека овој избор за неа преставува пред сѐ одговорност и уште еден предизвик како и многуте досега. Таа, исто така, изрази благодарност и за поддршката од меѓународните и невладините организации.

Во своето обраќање, претседателката Ристова потенцираше дека како автентично тело Клубот на пратенички секогаш ќе има приоритет да придонесе кон унапредување на родовите прашања, бидејќи родовата еднаквост останува на агендата, а пратеничките, кои се 47 во овој мандатен период, се должни да дадат печат и белег во тоа. 

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.