Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Среда, 3 март 2021

ХДП глобална размена: зајакнување, омоќнување и интегрирање на учеството на жените во парламентите

Пратеничките Арта Биљали-Зендели, Лолита Ристова и Марија Петрушевска учествуваа во Глобалната размена: зајакнување, омоќнување и интегрирање на учеството на жените во парламентите.

Оваа размена на искуства на пратенички од Гамбија, Грузија, Ерменија, Либерија, Кенија, Северна Македонија и Украина, беше организирана од страна на Партнерството за демократија на Претставничкиот дом на САД (ХДП) и Националниот демократски институт (НДИ).

Глобалната размена на искуства се одвиваше на три различни виртуелни настани на 12, 19 и 26 февруари и ги вклучуваше следните теми: Улогата на жените во градењето консензус и меѓупартиска соработка; Интегрирање на родот во парламентарните структури и активности; Родово одговорно буџетирање; Обезбедување учество на жените во кризен менаџмент; Вклучувањее на мажите во унапредувањето на родовата еднаквост во парламентите.

Говорници на трите сесии вклучуваа, меѓу другите, членки на Претставничкиот дом на САД, претставнички на Интерпарламентарната унија, Шкотската владина група за еднаквост и буџет и Буџетската канцеларија на Конгресот на САД; сегашни и поранешни пратенички од Албанија, Кенија, Шведска; претставнички на тимовите за Демократско владеење, Жени, Род и Демократија на НДИ; советничка на Парламентот на Обединетото Кралство.

Глобалната размена со воведно излагање ја отвори членот на Претставничкиот дом и копретседавач на ХДП, Дејвид Прајс.

Пратеничките Биљали-Зендели, Ристова и Петрушевска, освен што имаа можност да добијат информации и искуства на гореспоменатите теми, тие споделија информации за активностите на Собранието на Република Северна Македонија во врска со Клубот на пратенички, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Акцискиот план за унапредување на родовата сензитивност на Собранието на Република Северна Македонија. 

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.