Соопштенија

Среда, 1 декември 2021

Делегација на Управувачката група на Собранието во студиска посета на Риксдагот

Делегација на Управувачката група на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Фадил Зендели, претседател и членовите Маја Морачанин, Александар Велјановски, Арбана Пашоли, Халил Снопче, Снежана Калеска-Ванчева и Никола Мицевски, од 1 до 4 декември 2021 година ќе престојува во студиска посета на Шведскиот парламент, на покана на членовите на Управувачката група на Риксдагот.

повеќе...

Понеделник, 29 ноември 2021

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД СОБРАНИЕТО НА ТРАНСАТЛАНТСКИОТ ФОРУМ ВО ВАШИНГТОН

Во рамките на редовните активности, Делегација од Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на НАТО ќе учествува на Трансатлантскиот форум, кој секоја година традиционално се одржува од 29 ноември до 1 декември 2021 година во Вашингтон, Д.Ц., САД.

повеќе...

Петок, 26 ноември 2021

Собраниска делегација на 33. сесија на Регионот Европа на ПС на Франкофонијата

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав: Абдула Салиу, претседател на Секцијата и шеф на Делегацијата во ПС на Франкофонијата; Ненад Коциќ, прв потпретседател на Секцијата и Сафије Садики Шаини, член на Бирото, ќе учествува на 33. сесија на Регионот Европа на ПС на Франкофонијата, што ќе се одржи на 26 ноември 2021 година во Тирана, Албанија. 

повеќе...

Петок, 19 ноември 2021

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „22 НОЕМВРИ“

На 22 ноември 2021 година (понеделник), во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 12:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ ќе ја додели државната награда „22 Ноември“ за 2021 година за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија, кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.

повеќе...

Четврток, 18 ноември 2021

Пратеникот Миле Талевски на специјален состанок во Барселона

Во заедничка организација на Специјалната група за Медитеранот и Блискиот Исток, Поткомитетот за партнерство со НАТО и Шпанската делегација во Парламентарното собрание на НАТО, на 19 и 20 ноември 2021 година, ќе се одржи специјален состанок во Барселона, Кралството Шпанија.

повеќе...

Понеделник, 15 ноември 2021

Собраниска делегација на Рос-Рот семинар на ПС на НАТО

Од 15 до 17 ноември 2021 година во Белград, Република Србија ќе се одржи 101. Рос-Рот семинар на Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС на НАТО) на кој ќе учествуваат  пратениците: г-ѓа Арта Билали-Зендели, шеф на Делегацијата и г. Илија Николовски, член на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС на НАТО).

повеќе...

Петок, 12 ноември 2021

Положување свежо цвеќе

По повод 13 Ноември - Денот на ослободување на Градот Скопје, собраниска делегација во состав Марија Георгиевска, Жаклина Пешевска и Даниела Марковска, на 13 ноември 2021 година (сабота), ќе положи венци свежо цвеќе, и тоа:

повеќе...

Четврток, 11 ноември 2021

Положување свежо цвеќе

По повод одбележувањето на примирјето од 1918 година, на 12 ноември 2021 година (петок), на комеморативни настани во Битола и Прилеп, собраниски делегации ќе положат свежо цвеќе, и тоа:

повеќе...

Понеделник. 25 октомври 2021

Собраниска Делегација на работилница во Женева

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав: Абдула Салиу, шеф на Делегацијата во ПС на Франкофонијата и Бети Стаменкоска Трајкоска, член на Делегацијата, ќе учестува на работилница за зајакнување на улогата на пратениците во земјите членки на Меѓународната организација на Франкофонијата во процесот на Универзалниот периодичен преглед, што ќе се одржи на 25 и 26 октомври 2021 година во Женева.  

повеќе...

Четврток, 21 октомври 2021

ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЕЦ СВЕЖО ЦВЕЌЕ

По повод 23 Октомври - Денот на Македонската револуционерна борба, на 23 октомври 2021 година (сабота), во 10:00 часот, собраниска делегација, предводена од потпретседателот Горан Мисовски, во состав Даниела Николова и Иванка Василевска, ќе положи венец свежо цвеќе на Споменикот на Гоце Делчев во Градскиот Парк во Скопје. 

повеќе...

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.