Средби пратеници

Среда, 27 јанаури 2021 година

СРЕДБА НА НИКОЛОСКИ СО АМБАСАДОРОТ НА КРАЛСТВО ШПАНИЈА

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николоски, денеска оствари средба со амбасадорот на Кралство Шпанија, Н.Е. Емилио Лоренцо Сера.

Николоски на средбата информираше за улогата, целите и надлежностите на Националниот совет за евроинтеграции, принципот на консензуално одлучување и инклузивниот карактер на телото, кое дава можност за расправа на преставници не само на законодавната и извршната власт туку и на општествениот сектор, МАНУ, ЗНМ, ЗЕЛС, стопанските комори, религиските заедници. Николоски изрази благодарност за поддршката која Шпанија ја дава за европската интеграција, како на политичко така и на експертско ниво. Најави активна динамика на активностите на Советот и можност претставниците на земјите членки во ЕУ активно да партиципираат во неговата работа, да споделат искуства и експертиза во процесот на интеграција.

Амбасадорот на Кралството Шпанија го честиташе изборот на Николоски за претседател на Советот и најави поддршка за целокупната работа во пристапниот процес. Потенцираше дека е клучно државата да ги спроведува реформите во континуитет за да ги отвори преговорите,  да постигне политички консензус за примарните прашања, а во таа насока и да го зајакне и дијалогот меѓу политичките чинители.

Соговорниците разменија мислења за актуелните состојби, регионалната политика, состојбата предизвикана од пандемијата со Ковид-19,  како и за можностите за пренесување на експертиза и искуства за зајакнување на капацитетите на Националниот совет за евроинтеграции  и Собранието во пристапниот процес.

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.