Средби пратеници

Четврток, 14 јануари 2021 година

СРЕДБА НА НИКОЛОСКИ СО АМБАСАДОРОТ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕУ

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, денеска, оствари средба со амбасадорот и шеф на Делегацијата на ЕУ, Н.Е. Дејвид Гир. 

На средбата Николоски информираше за составот на Националниот совет за евроинтеграции, надлежностите кои Советот ги има согласно одлуката за неговото формирање, инклузивниот карактер на телото кое обединува политички и општествени чинители, како и за идејата Советот да гради и одржува консензус за членство во ЕУ. Во насока на исполнувањето на европските стандарди непходни за полноправно членство во ЕУ, Николоски изрази надеж за ефикасна и континуирана соработка со официјалните претставници на Европската унија. За периодот кој што претстои, во контекст на евроинтеграциите, Николоски најави активна агенда на Националниот совет за евроинтеграции.

Амбасадорот и шеф на Делегацијата на ЕУ, Н.Е. Дејвид Гир, го честиташе изборот на Николоски за претседател на Советот и ја изрази својата поддршка за работата на Советот за евроинтеграции. Господин Гир потенцираше дека државата треба сеопфатно и во континуитет да остварува прогрес во спроведувањето на реформите непходни за членство во ЕУ. Истакна дека ЕУ останува посветена на процесот на проширување. 

Претседателот Николоски и амбасадорот Гир разменија ставови и мислења за актуелните состојби во државата.

Соговорниците изразија задоволство од остварената средба и се обврзаа на соработка во периодот кој што претстои, и е клучен за државата на нејзиниот евроинтегративен пат. 

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.