Средби пратеници

Петок, 25 септември 2020

Средба на Адеми со францускиот амбасадор Тимоние

Претседателот на  Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, г. Арбер Адеми, имаше проштална средба со францускиот амбасадор во  земјата, г. Кристијан Тимоние.

На средбата  претседателот на Комисијата, г. Адеми, му се заблагодари  на амбасадорот Тимоние за  неговиот континуиран  придонес во текот на неговиот мандат, за нашите евроинтегративни процеси, и истакна дека  очекува  придвижување напред во рамките на германското ЕУ претседателство. 

Во тој контекст,  посочи дека  добрососедските односи се важни за  нас, и дека  работиме на нивно подобрување, но  дека истовремено сме посветени и на исполнувањето и на останатите  ЕУ реформи. Адеми изрази надеж  дека Меѓувладината конференција, ќе се случи во текот на германското претседавање со Советот на ЕУ

Амбасадорот Тимоние, истакна дека Франција е докажан пријател на нашата земја и дека ги поддржува нашите евринтегративни процеси,  во однос на реализацијата  на потребните ЕУ реформи, со цел да се добие датум за преговори.  


 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.