Средби пратеници

Петок, 25 септември 2020

Културата им припаѓа на сите

Комисијата за култура денеска одржа неформална средба на која присуствуваа министерката за култура, Ирена Стефоска и заменик-министерот Седат Сулејмани, со цел меѓусебно запознавање и воспоставување поблиска соработка.

На средбата, која се одржа во пријателска и непосредна атмосфера, претседателот на Комисијата, Кастриот Реџепи, ги истакна своите заложби за идната работа на оваа Комисија во насока на изнаоѓање најдобри законски решенија во интерес на граѓаните.

Министерката Стефоска и заменик-министерот Сулејмани од своја страна ги предочија плановите и начините на кои ќе функционира Министерството за култура под нивно раководство.

Присутните членови и заменик-членови на Комисијата изразија задоволство од ваквиот непосреден пристап на отпочнување со активностите на Комисијата и се заложија за активна вклученост и конструктивна критика со цел подобрување на состојбите во културниот сектор, но и вложување во насока на подобрување на правата на заедниците. Исто така, присутните го искажаа својот став дека за да постои успешна соработка во оваа Комисија, потребно е да се надминат партиските интереси, затоа што културата им припаѓа на сите.

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.