Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Недела, 28 ноември 2021, Мадрид

Обраќање на претседателот Џафери на Генералната дебата на 143. Собрание на ИПУ на тема: „Современи предизвици за демократијата: Надминување на поделеноста и градење заедница“

Дозволете да изразам лично задоволство што сум присутен тука помеѓу вас, после долго време на виртуелно среќавање и одржување на собранијата на Интерпарламентарната унија на тој начин, денеска можам и лично да Ве поздравам во мое име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и да го дадам мојот придонес во дебатата за современите предизвици за демократијата и надминувањето на поделеноста и градењето заедница, во име на нашиот законодавен дом кој како и сите законодавни институции кои се домови на демократијата и местата каде се слуша гласот на народот, преточен во легитимитетот на нивните народни избраници, се соочува со сите современи предизвици во обидот за демократско функционирање.

повеќе...

Петок, 26 ноември 2021

Обраќање на претседателот Џафери на Регионалната конференција на тема ,,Подобрување на дијалогот меѓу парламентите и новинарите од Западен Балкан”, во организација на Собранието на Република Северна Македонија и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ)

Почитувани, чест ми е што денес сум домаќин на оваа прва од овој вид регионална конференција, која ја организираме заедно со Здружението на новинари на Македонија, и на која се поканети и присутни мои колеги од регионов и новинари од неколку соседни земји. 

повеќе...

Среда, 10 ноември 2021 година

Поздравно обраќање на претседателот Џафери на Парламентарниот дијалог за управување и надзор на разузнавањето во организација на ДКАФ

Имам чест денес да го поздравам почетокот на овој дводневен парламентарен дијалог и експертска размена на која почитуваните колеги од албанскиот и од косовскиот парламент, заедно со моите драги колеги од Собранието на Република Северна Македонија ќе дискутираат за управувањето и надзорот врз разузнавањето на Западен Балкан. 

повеќе...

Петок, 22 октомври 2021, Атина

Обраќање на претседателот Џафери на Конференцијата на претседатели на Парламенти на ПС на СЕ на тема: „Заедничката иднина на сите европски граѓани“

Дозволете да Ве поздравам од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име и воедно да упатам благодарност и честитки до нашиот домаќин за одличната организација на оваа Конференција на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

повеќе...

Петок, 1 октомври 2021

Обраќање на претседателот Џафери на вебинарот на тема: „Подобрување на соработката меѓу парламентите и новинарите за поголема отчетност и транспарентност“ 

Сакам, во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да ја поздравам работата на овој денешен вебинар за кој верувам дека ќе ја потврди претставата што ја имаме за соработката меѓу законодавниот дом и новинарите меѓутоа, ќе ги даде и одговорите за можните сегменти каде и на кој начин може да се подобри таа соработка. 

повеќе...

Понеделник, 27 септември 2021 година, Брдо

Обраќање на претседателот Џафери на Состанокот на спикери на парламенти од земјите на Западен Балкан 

„Улогата на парламентите во враќањето на довербата во ЕУ“ 

Дозволете да изразам благодарност до нашиот домаќин за одржувањето на овој состанок во рамките на словенечкото претседателство со Советот на Европската Унија и до Република Словенија, која континуирано е наш силен подржувач во напорите за членство во Европската унија и да посакам успешна работа на актуелното и на идното, француско претседателство.

повеќе...

Среда, 8 септември 2021 година

Обраќање на претседателот Џафери за 8 Септември-Денот на независноста

Почитувани граѓани,
Вечерва, одбележуваме исклучително значаен јубилеј, полни триесет години од историската вечер кога со прогласувањето на резултатите од референдумот на 8 септември 1991 година, референдумот на кој граѓаните гласаа за слободна, независна, суверена држава а нашите колеги од тој пратенички состав, ја ставија на хартија и во живот таа одлука со која се потврди илинденскиот и асномскиот континуитет и се потврди желбата за независна, суверена држава, признат меѓународен субјект и рамноправен член на заедницата на народите, од ова место, пред законодавниот дом, кога Претседателот Глигоров се обрати пред собраните граѓани упатувајќи честитки за храбрата и решителна одлука...

повеќе...

Среда, 8 септември 2021 година

Обраќање на претседателот Џафери на Петтата светска конференција на претседатели на парламенти 

(Панел „Итните мерки наметнати од Владите секогаш мора да подлежат на парламентарно одобрување и редовен преглед)

Чест ми е да ве поздравам сите присутни тука од име на Собранието на Република Северна Македонија и од мое лично име и да го образложам моето гледиште во однос на воведните излагања на почитуваните колеги за итните мерки наметнати од владите и неопходноста од нивното подложување на парламентарно одобрување и редовен преглед.

повеќе...

Петок, 13 август 2021 година

Обраќање на претседателот Џафери на Свечената академија по повод одбележувањето на 20-годишнината на Охридскиот рамковен договор - „После Охрид“

Задоволство ми е што денес, од име на Собранието на Република Северна Македонија и од мое лично име сум дел и имам чест да ве поздравам, сите присутни тука, на оваа Свечена академија, по повод 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, Договор на мирот и Договор што ги постави новите правила на општествената кохезија и подоброто меѓуетничко функционирање, којшто беше најцврстиот и најсолиден темел врз кој го трансформиравме видливо нашето мултиетничко, мултиконфесионално и мултикултурно општество.

повеќе...

Петок, 6 август 2021

ИЗЈАВА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ ПО ПОВОД РАСПИШУВАЊЕТО НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

Денеска го потпишав Решението за распишување на избори за членови на Советите на општините и Советот на Градот Скопје, за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје. Согласно законската рамка и роковите утврдени во Изборниот законик, локалните избори ќе се одржат на 17 октомври 2021 година.

повеќе...

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.