Активности

Четврток, 2 декември 2021

Експертска презентација на шведскиот законодавен процес

На првиот ден на студиската посета на шведскиот Парламент, делегацијата на  Собранието на Република Северна Македонија, во состав Фадил Зендели, претседател и членовите Маја Морачанин, Александар Велјановски, Арбана Пашоли, Халил Снопче, Снежана Калеска-Ванчева и Никола Мицевски, оствари многу плодна размена со своите колеги за законодавната улога на парламентот, за фазите на законодавниот процес, како и за организацијата на работата на пленарната седница.

повеќе...

Четврток, 2 декември 2021 година

Средба на пратеникот Јован Митрески со Виталиј Загајниј

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Украина, Јован Митрески, оствари средба со украинска делегација, предводена од Виталиј Загајниј, заменик на Лавовската обласна државна управа. Во придружба на гостинската делегација беше и украинската амбасадорка во нашата земја, Н.Е. Наталија Задоржњук.

повеќе...

Среда, 1 декември 2021

УЧЕСТВО НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА ВО ПС НА НАТО НА ТРАНСАТЛАНТСКИОТ ФОРУМ ВО ВАШИНГТОН

Парламентарното собрание на НАТО, во соработка со Националниот одбранбен универзитет на САД, од 29 ноември до 1 декември 2021 година, по дваесет и прв пат го организираа традиционалниот Трансатлантски форум во Вашингтон Д.Ц..

На настанот, на кој присуствуваа над 100 парламентарци од земјите членки на НАТО и Финска со асоцијативен статус, учествуваше и Делегација од Собранието на Република Северна Македонија во состав: Арта Билали Зендели, шеф и членовите Илија Николовски и Антонијо Милошоски.

повеќе...

Среда, 1 декември 2021

„Која е родовата перспектива на Буџетот за 2022 година?“

Пратениците и пратеничките од Kомисиите за финансирање и буџет и од Комисијата за еднакви можности на жените и мажите вчера учествуваа на работен состанок на тема  „Која е родовата перспектива на Буџетот за 2022 година?“

повеќе...

Вторник, 30 ноември 2021

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Франциско Мунис

На денешната протоколарна средба со новоименуваниот нерезидентен амбасадор на Малезија за Република Северна Македонија, Н.Е. Франциско Мунис, Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, посакувајќи му успешен мандат на амбасадорот, потенцираше дека со Малезија, иако имаме воспоставено дипломатски односи уште во 1993 година, недостасува некоја позначајна билатерална соработка на кое било ниво и во тој контекст, тој изрази надеж дека односите може заемно да се поттикнат кон интензивирање, како на политичко така и на економско поле, пред сѐ.

повеќе...

Вторник, 30 ноември 2021

Јубилејна награда од Филозофски факултет за Собранието на Република Северна Македонија

Денеска, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на покана на деканатот на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, имаше чест да ја прими во име на Собранието на Република Северна Македонија јубилејната награда во вид на статуетка, што Филозофскиот факултет во Скопје ја доделува по повод 100-годишнината од основањето на факултетот во знак на благодарност и задоволство кон лицата, организациите и институциите кои оставиле значаен белег во работата на факултетот. 

повеќе...

Вторник, 30 ноември 2021

Средба на Претседателот Џафери со Н.Е. Феликс Корона

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Мексико во Република Северна Македонија, Н.Е. Карлос Исаурo Феликс Корона.

повеќе...

Вторник, 30 ноември 2021

Учество на пратеничката Славјанка Петровска на КОСАК конференција

Членот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Славјанка Петровска, денеска учествуваше на виртуелната Конференција за европски прашања на земјите ЕУ членки-КОСАК, што се оддржува  во Љубљана, во рамките на Словенечкото претседателство со ЕУ.

повеќе...

Недела, 28 ноември 2021, Мадрид

Обраќање на претседателот Џафери на Генералната дебата на 143. Собрание на ИПУ на тема: „Современи предизвици за демократијата: Надминување на поделеноста и градење заедница“

Дозволете да изразам лично задоволство што сум присутен тука помеѓу вас, после долго време на виртуелно среќавање и одржување на собранијата на Интерпарламентарната унија на тој начин, денеска можам и лично да Ве поздравам во мое име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и да го дадам мојот придонес во дебатата за современите предизвици за демократијата и надминувањето на поделеноста и градењето заедница, во име на нашиот законодавен дом кој како и сите законодавни институции кои се домови на демократијата и местата каде се слуша гласот на народот, преточен во легитимитетот на нивните народни избраници, се соочува со сите современи предизвици во обидот за демократско функционирање.

повеќе...

Сабота, 27 ноември 2021

143. Собрание на Интерпарламентарната унија во Мадрид

На 143. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 26 до 30 ноември 2021 година во Мадрид, Шпанија учествува Делегацијата на Собранието на Република Македонија во ИПУ, во состав: Талат Џафери, претседател на Собранието и шеф на Делегацијата, Диме Велковски, Никола Мицевски, Ели Панова, Арбер Адеми и Скендер Реџепи, членови на Делегацијата.

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • ...
  • 49
  •                                                   
Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.