Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Среда, 17 ноември 2021

Посета на претседателот Џафери на Павилјонот на Република Северна Македонија на Експо Дубаи 2020

Претседателот Џафери и делегацијата го посетија Павилјонот на Република Северна Македонија на Експо Дубаи 2020, најголем меѓународен настан на кој учествуваат над 190 земји, а се очекуваат над 25 милиони посетители. Во периодот од 1 октомври 2021 година  до 31 март 2022 година, Република Северна Македонија е претставена на ЕКСПО 2020 во Дубаи, со слоганот “Дом на секој чекор”, а под мотото “Нови можности”.

повеќе...

Вторник, 16 ноември 2021

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Сакр Ал-Гобаш

Во рамките на првата официјална посета на Обединетите Арапски Емирати на Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, и делегацијата составена од пратениците Хусни Исмаили, претседател на Пратеничката група на Собранието за соработка со парламентите на земјите од Блискиот исток и Арапскиот залив, Дарко Каевски и Бедри Фазли, членови на Групата, денес се одржа средба со колегата и воедно домаќинот, Н.Е. Сакр Ал-Гобаш, Спикер на Федералниот Национален Совет на ОАЕ. 

повеќе...

Понеделник, 15 ноември 2021

ОФИЦИЈАЛЕН ПРЕЧЕК НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ ВО АБУ ДАБИ

Во рамките на првата официјална посета на Обединетите Арапски Емирати на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и Делегацијата во состав: Хусни Исмаили, претседател на Пратеничката група на Собранието за соработка со парламентите на земјите од Блискиот Исток и Арапскиот Залив, Дарко Каевски и Бедри Фазли, членови, беше организиран официјален пречек од страна на г. Сакр Ал-Гобаш, спикер на Федералниот национален совет на Обединетите Арапски Емирати.

повеќе...

Петок, 5 ноември 2021

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО МИНИСТЕРОТ ПЕЛЕШИ

Денеска, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, оствари билатерална средба со министерот за одбрана на Република Албанија. г. Нико Пелеши.

повеќе...

Среда, 3 ноември 2021

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ЕВРОПРАТЕНИКОТ РОЈТЕН

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со европратеникот Тијс Ројтен, кој престојува во работна посета на Република Северна Македонија.

повеќе...

Вторник, 2 ноември 2021 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ШПАНСКИОТ АМБАСАДОР ГАРСИЈА

Претседателот Џафери, изразувајќи задоволство за средбата, ја поздрави досегашната соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје и му посака успешна работа за време на неговиот мандат. Тој ги констатираше пријателските односи меѓу двете земји и изрази надеж дека посакуваната динамика на средби на парламентарно ниво ќе добие на интензитет во иднина. 

повеќе...

Понеделник, 25 октомври 2021

Претседателот Џафери официјално го прими Извештајот за напредокот од Европската комисија

Денеска, амбасадорот на Европската Унија официјално го предаде Извештајот за напредокот на државата од Европската комисија на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија. Средбата се одржа денеска заради службено отсуство на претседателот Џафери, којшто учествуваше на Конференцијата на претседатели на парламенти на земјите членки на Советот на Европа во Атина.

повеќе...

Петок, 22 октомври 2021

Историска средба на претседателот Џафери со Константинос Тасулас

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се сретна со Претседателот на Парламентот на Република Грција, Константинос Тасулас, на маргините на Конференцијата на претседатели на парламенти на земјите членки на Советот на Европа, која на 21 и 22 октомври се одржува во Атина.

повеќе...

Четврток, 21 октомври 2021

Средба на претседателот Џафери со потпретседателката Џонсон Форнаве

Во рамките на Европската конференција на претседатели на парламенти на земјите членки на Советот на Европа, која се одржува во Атина, Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се сретна со потпретседателката на шведскиот Риксдаг, Лота Џонсон Форнаве.

повеќе...

Четврток, 21 октомври 2021

Средба на претседателот Џафери со претседателката Никола

За време на Европската конференција на претседатели на парламенти, Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и новоизбраната Претседателка на Собранието на Република Албанија, Линдита Никола, остварија протоколарна средба.

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • ...
  • 16
  •                  
Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.