Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Понеделник, 13 декември 2021

Прошталната средба на претседателот Џафери со Н. Е. Мирослав Томан

Денеска претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, оствари проштална средба со Н.Е. Мирослав Томан, амбасадор на Чешката Република во Република Северна Македонија.

повеќе...

Понеделник, 13 декември 2021

Претседателот Џафери прогласен за Почесен граѓанин на Општина Лежа

Во рамките на работната посета на Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери во Република Албанија, покрај средбата со Претседателката на Собранието, г-ѓа Линдита Никола, од страна на Советот на Општина Лежа, му беше доделена и титулата „Почесен граѓанин“ на Општина Лежа, во знак на неговото достоинствено вршење на должноста Претседател на Собрание, со што го валоризира албанскиот државотворен фактор во сите аспекти, за неговото посветеното политичко делување низ годините и придонесот во зачувувањето на националните и патриотските вредности. 

повеќе...

Петок, 10 декември 2021

Средба на претседателот Џафери со претседателката Линдита Никола

Денеска претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, оствари работна посета во Република Албанија, при што, според предвидената агенда, се сретна со неговиот хомолог, односно, претседателката на Собранието на Република Албанија, г-ѓа Линдита Никола. Ова е втора билатерална средба на двајцата претседатели, по средбата во Атина, што е неспорен доказ дека Република Северна Македонија и соседна Република Албанија се две земји со искрени, интензивни и пријателски односи, без отворени прашања помеѓу себе. 

повеќе...

Вторник, 30 ноември 2021

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Франциско Мунис

На денешната протоколарна средба со новоименуваниот нерезидентен амбасадор на Малезија за Република Северна Македонија, Н.Е. Франциско Мунис, Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, посакувајќи му успешен мандат на амбасадорот, потенцираше дека со Малезија, иако имаме воспоставено дипломатски односи уште во 1993 година, недостасува некоја позначајна билатерална соработка на кое било ниво и во тој контекст, тој изрази надеж дека односите може заемно да се поттикнат кон интензивирање, како на политичко така и на економско поле, пред сѐ.

повеќе...

Вторник, 30 ноември 2021

Јубилејна награда од Филозофски факултет за Собранието на Република Северна Македонија

Денеска, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на покана на деканатот на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, имаше чест да ја прими во име на Собранието на Република Северна Македонија јубилејната награда во вид на статуетка, што Филозофскиот факултет во Скопје ја доделува по повод 100-годишнината од основањето на факултетот во знак на благодарност и задоволство кон лицата, организациите и институциите кои оставиле значаен белег во работата на факултетот. 

повеќе...

Вторник, 30 ноември 2021

Средба на Претседателот Џафери со Н.Е. Феликс Корона

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Мексико во Република Северна Македонија, Н.Е. Карлос Исаурo Феликс Корона.

повеќе...

Петок, 26 петок 2021

Средба на претседателот Џафери со претседателот Бечиќ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска имаше средба со претседателот на Собранието на Црнa Гора, Алекса Бечиќ, кој е дојден во земјава како учесник на Регионалната конференција „Подобрување на дијалогот меѓу парламентите и новинарите од Западен Балкан”, во организација на Собранието на Република Северна Македонија и Здружението на новинари на Македонија, а се одржува во зградата на Собранието.

повеќе...

Петок, 19 ноември 2021

Средба на претседателот Џафери со полскиот претседател Дуда

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска имаше средба со претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, кој престојува во дводневна официјална посета на нашата земја.

повеќе...

Петок, 19 ноември 2021

Во Собранието се потпиша Меморандум за разбирање со ДКАФ

Денеска, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и директорот на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДКАФ), Томас Гербер, потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу ДКАФ - Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор и Собранието на Република Северна Македонија, за партнерство во спроведувањето на „Програмата за реформи во секторот за безбедност и разузнавање во Република Северна Македонија“ (2021-2026).

повеќе...

Четврток, 18 ноември 2021

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Шеик Нахјан Бин Мубарак Ал-Нахјан

Последниот ден од официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и делегацијата остварија средба со Н.Е. Шеик Нахјан Бин Мубарак Ал-Нахјан, министер за толеранција и соживот во Владата на Обединетите Арапски Емирати.

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • ...
  • 16
  •                  
Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.