Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Понеделник, 2 ноември 2020 година

206. Сесија на Управниот совет на ИПУ во виртуелен формат

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и пратеничките Дафина Стојаноска и Арбана Пашоли учествуваат на 206. Сесија на Управниот совет на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 1 до 4 ноември 2020 година во виртуелен формат. На сесијата  учествуваат по тројца парламентарци, членови на Управниот совет, од 145 земји членки на Унијата.

повеќе...

Петок, 23 октомври 2020

Средба на претседателот Џафери со премиерот на Република Косово, Авдулах Хоти

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со претседателот на Владата на Република Косово, Авдулах Хоти, во рамките на неговата официјална посета на Република Северна Македонија. Во состав на делегацијата беа и Дритон Селманај, заменик премиер на Владата и Мелиза Харадинај Стубла, министерка за надворешни работи и дијаспора на Република Косово.

повеќе...

Среда, 14 октомври 2020

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПРАТЕНИЦИТЕ БАЛА И ШТЕРЈОСКИ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска имаше средба со мешана делегација од Република Албанија, во чиј состав покрај актуелните пратеници во албанскиот парламент Таулант Бала и Васил Штерјоски, беа и градоначалникот на Општина Прењас, Нури Белба и деловниот човек Ѓерѓ Луца.

повеќе...

Петок, 9 октомври 2020

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО Н.Е. ВИОРЕЛ СТАНИЛА

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Романија, Н.Е. Виорел Станила.

Претседателот Џафери се заблагодари за досегашната соработка со Амбасадата на Романија во Република Северна Македонија и лично на амбасадорот Станила за неговиот придонес во евроатланскиот пат на земјата.  

повеќе...

Среда, 7 октомври 2020

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО КОМЕСАРОТ ОЛИВЕР ВАРХЕЛИ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со Комесарот за соседство и проширување на ЕУ Оливер Вархели, во рамките на неговата работна посета на земјата. 

повеќе...

Вторник, 6 октомври 2020

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Хасан Мехмет Секизќок

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба амбасадорот на Република  Турција, Н.Е. Хасан Мехмет Секизќок. На средбата беше изразено заемно задоволство од одличните билатерални односи и успешната соработка меѓу двете земји, во духот на традиционалното пријателство и партнерство.

повеќе...

Понеделник, 5 октомври 2020

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО РОСАНА ДУЏАК

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Росана Дуџак. На средбата беа разменети информации и идеи како да се продлабочи соработката меѓу Организацијата на Обединетите нации и Собранието на Република Северна Македонија, особено во врска со имплементацијата на Агендата 2030 и целите за одржлив развој.

повеќе...

Понеделник, 5 октомври 2020

ВИРТУЕЛНА СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПОРАНЕШНИ ПРАТЕНИЦИ ОД ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ 

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари виртуелна средба со делегација од поранешни европратеници во Европскиот парламент, предводени од поранешниот претседател, д-р Ханс Герт Потеринг.  

Упатувајќи му честитки за повторниот избор за претседател на Собранието, д-р Потеринг го истакна неговиот придонес во стабилизирањето на работата на Собранието во претходниот мандат и посочи дека поддршката од Европскиот парламент и од претседателот Сасоли ќе продолжи со несмален интензитет и во овој мандат. 

повеќе...

Вторник, 29 септември 2020

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Кеико Ханеда

На денешната проштална средба со амбасадорката на Кралството Јапонија во нашата земја, Н.Е. Кеико Ханеда, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, изрази задоволство од досегашната соработка со јапонската Амбасада, односно со првиот резидентен амбасадор, Н.Е. Ханеда и во таа насока, нагласи дека очекува во наредниот период да продолжи оваа соработка и со новиот амбасадор, со што ќе продолжи трендот на јакнење на политичките и економските релации меѓу двете земји. Тоа ќе резултира со зголемување на јапонските инвестиции, и интензивирање на соработката во областа на медицината, туризмот, културата и други области.

повеќе...

Вторник, 29 септември 2020

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Сергеј Баздникин

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорот на Руската Федерација, Н.Е. Сергеј Баздникин.

Претседателот Џафери оцени дека билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација се карактеризираат со пријателство, принципиелна соработка и отвореност, како и со можности за продлабочување на парламентарната соработка, што ќе придонесе за унапредување на соработката во другите области.

повеќе...

  • 1
  • ...
  • 15
  • 16
  • 17
  • ...
  • 19
  •                     
Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.