Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Четврток, 17 септември 2020

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Карло Ромео

Денес претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, го прими во проштална посета амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Н.Е. Карло Ромео.

Претседателот Џафери ги потенцираше исклучителните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Италија и особено високо ја оцени силната, искрена и пријателска поддршка што Италија ја пружи на Република Северна Македонија во добивањето датум за преговори со Европската Унија. 

повеќе...

Среда, 16 септември 2020

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Наталија Задорожњук

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорката на Украина, Н.Е. Наталија Задорожњук.

Претседателот Џафери изрази задоволство дека, односите меѓу Република Северна Македонија и Украина се карактеризираат со пријателство, доверба, отсуство на отворени прашања, како и соработка во голем број области од заемен интерес. 

повеќе...

Среда, 16 септември 2020

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Марија Петровиќ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, се сретна со амбасадорката на Црна Гора во Република Северна Македонија, Н.Е. Марија Петровиќ. 

Амбасадорката Петровиќ му упати честитки за реизборот на претседателот Џафери со желби за успешен мандат и брзо и динамично водење на преговорите за членство во Европската Унија. 

повеќе...

Вторник, 15 септември 2020

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО Н.Е. НИВЕС ТИГАЊ 

Денеска претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Н. Е. Нивес Тигањ.

Претседателот Џафери ги потенцираше исклучителните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Хрватска, за кои сподели очекување дека ќе продолжат со зголемена динамика и во наредниот период. 

повеќе...

Вторник, 15 септември 2020

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО Н.Е. СИБИЛ ЗУТЕР ТЕХАДА

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во Скопје, Н.Е. Сибил Зутер Техада.

На средбата, претседателот Џафери потенцираше дека високо ги цени соработката и политичките односи меѓу двете држави, кои се карактеризираат со пријателство и разбирање, отворен и интензивен дијалог. 

повеќе...

Петок, 11 септември 2020 година

Прва средба на претседателот Џафери со претставниците на медиумите

Ова е прва средба во рамките на новиот парламентарен состав, по реизборот на претседателот Џафери, со што ја опточна воспоставената пракса.

повеќе...

Петок, 11 септември 2020

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА ХОЛШТАЈН

Претседателот Џафери Џафери изрази благодарност до Сојузна Република Германија и Амбасадата во Скопје за целокупната поддршка и помош на здравствените институции во Република Северна Македонија за справувањето со пандемијата и изрази надеж дека и покрај предизвиците, двете земји ќе продолжат да соработуваат на сите полиња од взаемен интерес, вклучително и на парламентарно ниво. 

повеќе...

Четврток, 10 септември 2020

Средба на претседателот Џафери со Арменд Земај

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, денеска го прими министерот за здравство на Република Косово, Арменд Земај.

На средбата, стана збор за заеднички теми и интереси за подобрување на здравствената состојба и меѓусебната професионална комуникација во полза на стабилноста и одржлива состојба, имајќи ја предвид ситуацијата со пандемијата и огромниот удар што го нанесува на здравствените и економските системи на сите држави. Само со заедничко и усогласено делување на сите чинители ќе може да се надмине здравствената криза со која се соочува светот.

повеќе...

Четврток, 10 септември 2020

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Војциех Тицињски

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Полска, Н. Е. Војциех Тицињски. Амбасадорот Тицињски, честитајќи му на реизборот на претседателот Џафери, му врачи писмо со честитки од претседателот на Сенатот на Република Полска, Томас Гродски, и примерок од усвоената Резолуција во полскиот Сенат во однос на ситуацијата во Белорусија. 

повеќе...

Среда, 9 септември 2020

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО Н.Е. КЛЕМЕНС КОЈА

Претседателот Џафери потенцираше дека високо ја цени улогата на ОБСЕ во развојот на демократските процеси во земјата, придонесот на ОБСЕ/ОДИХР со набљудувањето на  изборните процеси, како и континуираната соработка на Собранието со Мисијата на ОБСЕ во Скопје. 

повеќе...

  • 1
  • ...
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16
  •                  
Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.