
19 мај 2022 година
Делегација на Собранието присуствуваше на седница на германскиот Бундестаг
Денес делегацијата на Собранието присуствуваше на пленарна седница на Бундестагот, каде што претседателката и пратениците на Бундестагот го поздравија претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери.
повеќе...

Среда, 18 мај 2022
Средба на делегација на Собранието со Мануел Сарацин
Во попладневната сесија политички разговори во рамките на Студиската посета на Бундестагот делегацијата на Собранието оствари средба со специјалниот пратеник на Владата на Федерална Република Германија, г. Мануел Сарацин.
повеќе...
Среда, 18 мај 2022
Втор ден студиска посета на Бундестагот
Во текот на вториот ден од студиската посета на Бундестагот, делегацијата предводена од претседателот Џафери, во чиј состав се потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, и координаторите: Диме Велковски, Никола Мицевски, Арбер Адеми, Сурија Рашиди и Сафије Садики Шаини, генералната секретарка Цветанка Иванова, шефот на Кабинет Илир Селмани, службата на Собранието, амбасадорката на Швајцарија и претставници од НДИ оствари средба со претседателот на Комисијата за прашања од Европската Унија на Бундестагот, г. Антон Хофрајтер и членовите на Комисијата.
повеќе...

Вторник, 17 мај 2022
Претседателот Џафери на работен ручек при студиската посета на Бундестагот
На работниот ручек со пратеникот Јосип Јуратовиќ и Пратеничката друпа за соработка со државите од Југоисточна Европа, на кој што присуствуваа и координаторите на пратеничките групи, генералната секретарка на Собранието, амбасадорката на Швајцарија во Скопје и собраниски службеници, претседателот Џафери искажа задоволство од реализацијата и динамиката на студиската посета на Бундестагот, како и квалитетот и квантитетот на директни средби со претставници на Бундестагот на сите нивоа.
повеќе...

Вторник, 17 мај 2022
Средба на претседателот Џафери со претседателката на Германскиот Бундестаг, г-ѓа Бербел Бас
Во политичкиот дел на Програмата за парламентарна поддршка на Собранието финансирана од Швајцарската Амбасада и имплементирана од НДИ, а со цел продолжување на процесот за осамостојување на собраниското обезбедување, Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери и делегацијата од Собранието во чиј состав се координатори на пратеничките групи, оствари средба со Претседателката на Германскиот Бундестаг, г – ѓа Бербел Бас.
повеќе...
Среда, 11 мај 2022
СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО Г. БЕКА БЕРИША
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со делегација на Комисијата за одбранбени и безбедносни прашања на Собранието на Република Косово, предводена од претседателот на Комисијата, г. Бека Бериша. На средбата присуствуваше и заменикот на претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија, г. Илија Николовски.
повеќе...
Вторник, 10 мај 2022
СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ПС НА ОБСЕ ГУЛИЈЕВ
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, оствари средба со Азај Гулијев, потпретседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ и специјален претставник за Југоусточна Европа, во рамките на неговата посета на Република Северна Македонија, Република Албанија и Црна Гора. На средбата присуствуваа: Игор Јанушев, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ, Моника Зајкова, член на Делегацијата, Диме Велковски, Гордана Сиљановска-Давкова и Берат Ајдари, заменици членови на Делегацијата и амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
повеќе...
Среда, 4 мај 2022
Средба на претседателот Џафери со амбасадорот Лахдевирта
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, денес го прими амбасадорот на Република Финска задолжен за Република Северна Македонија, Н. Е. Кимо Лахдевирта, резидентен во Белград, Република Србија.
повеќе...
Вторник, 3 мај 2022 година
СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ ОД ИНСТИТУТОТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА И УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, денес се сретна со претставниците од Институтот за национална историја и претставници од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како активност која е во рамките на Научната конференција по повод одбележувањето на 150 години од раѓањето на Гоце Делчев.
повеќе...
Вторник, 3 мај 2022 година
Средба на претседателот Џафери со министерот Ландсбергис
Денес претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери оствари средба со г. Габриелиус Ландсбергис, министер за надворешни работи на Република Литванија.
повеќе...