Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Среда, 21 јули 2021

Учество на претседателот Џафери на Дискусијата „Рефлексија 2030”

Денеска, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, учествуваше на дискусијата за Стратегијата за надворешна политика на Република Северна Македонија „Рефлексија 2030”.

повеќе...

Понеделник, 19 јули 2021

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Дан Орјан

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го прими во проштална посета амбасадорот на Државата Израел во Република Северна Македонија, Н.Е. Дан Орјан, во придружба на почесниот конзул на Израел во Скопје, г. Градимир Шумковски.

повеќе...

Петок, 9 јули 2021

Средба на претседателот Џафери во знак на одбележувањето на годишнината од Сребреница

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денес имаше средба со Ферид Мухиќ, Илија Николовски и Зеќир Рамчиловиќ, во знак на симболично одбележување на годишнината на геноцидот во Сребреница.

повеќе...

Четврток, 8 јули 2021

Средба на претседателот Џафери со претставниците на Европскиот муслимански форум

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска имаше средба со претставниците на Европскиот муслимански форум, предводени од претседателот на овој Форум. г. Абдул-Вакхед Нијазов.

повеќе...

Вторник, 29 јуни 2021, Брисел

Средба на претседателот Џафери со пратениците од ЕП Шидер, Ќучук и Валсман

Денеска, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, оствари средба во хибриден формат со пратениците од Европскиот парламент, г. Андрас Шидер, г. Илхан Ќучук и г-ѓа Марион Валсман.

повеќе...

Вторник, 29 јуни 2021, Брисел

Втор самит на претседатели на парламентите Европскиот парламент – Западен Балкан

» Заедничка декларација «

Ние, претседателите на Парламентите на Западен Балкан, заедно со претседателот на Европскиот парламент и претседателите на Португалскиот и Словенечкиот парламент, кои го претставуваат сегашното и претстојното претседателство со Советот на Европската Унија,

повеќе...

Понеделник, 28 јуни 2021 година, Брисел

Билатерална средба на претседателот Џафери и претседателот Зорчиќ

Денеска, на маргините на Самитот на претседатели на Парламенти: Европски парламент – Западен Балкан претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери оствари билатерална средба со претседателот на Националното собрание на Република Словенија, г. Игор Зорчиќ. Република Словенија го презема претседателството со Советот на Европа во втората половина на 2021 година. 

повеќе...

Среда, 23 јуни 2021 година

Претседателот Џафери го посети Меѓународниот секретаријат на ПАБСЕК во Истанбул

На средбата претседателот Џафери го истакна своето задоволство што Република Северна Македонија стана 13 членка на ова важно Парламентарно собрание и надеж дека сорботката на сите нивоа меѓу државите членки дополнително ќе се продлабочи преку редовните контакти и пленарни сесии.

повеќе...

Среда, 23 јуни 2021 година

Средба на претседателот Џафери со Мустафа Шентоп

Претседателот Талат Џафери му честиташе на претседателот Шентоп за успешното претседавање на Турција со ПСЈИЕ која претставува прва автохтона регионална форма за соработка и автентичен глас на регионот кој промовира вредности за зачувување на мирот и стабилноста, преку градење на добрососедски односи и унапредување на регионалната соработка. 

повеќе...

Понеделник, 21 јуни 2021 година

Средба на претседателот Џафери со Алекса Бечиќ 

На средбата г. Џафери истакна дека земјите во регионот делат заеднички погледи во однос на потребата од зачувување на мирот и стабилноста во регионот, преку градење на добрососедски односи и унапредување на регионалната соработка. Северна Македонија и Црна Гора ги врзува традиционално пријателство како и  добри политички, културни и економски врски. Членството во НАТО и заедничката европска иднина на двете држави, дополнително ги зајакнуваат меѓусебните односи.

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • ...
  • 11
  •             
Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.