Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Понеделник, 13 декември 2021

Прошталната средба на претседателот Џафери со Н. Е. Мирослав Томан

Денеска претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, оствари проштална средба со Н.Е. Мирослав Томан, амбасадор на Чешката Република во Република Северна Македонија.

На средбата двајцата соговорници заеднички констатираа дека билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Чешката Република се на високо ниво и дека постои заемен интерес, а и реална можност за унапредување на економската соработка.

Претседателот Џафери изрази благодарност за личниот ангажман на амбасадорот Томан за зацврстување и унапредување на билатералните односи меѓу двете држави и посочи дека очекува добрата парламентарна соработка да продолжи и со новата претседателка на Претставничкиот дом на Чешкиот парламент, Пекарова Адамова. Од наша страна, особено се цени континуираната и цврста поддршка што Република Северна Македонија ја добива од Чешката Република во евроинтеграцискиот процес.

Амбасадорот Томан истакна дека Собранието на Република Северна Македонија e оаза на мирот, стабилноста и безбедноста, а за тоа да биде така, секако најголема улога има претседателот на Собранието. Тој укажа дека Чешката Република ќе претседава со Советот на Европската Унија во втората половина на 2022 година, при што приоритет ќе даде на проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан.

Претседателот Џафери, врачувајќи му на амбасадорот Томан Признание за професионалната посветеност и напорна работа што ги вложи во градењето и унапредувањето на искрената и пријателска соработка меѓу двете земји, му посака натамошен успех и среќа на личен и професионален план. 

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.