Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Вторник, 30 ноември 2021

Јубилејна награда од Филозофски факултет за Собранието на Република Северна Македонија

Денеска, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на покана на деканатот на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, имаше чест да ја прими во име на Собранието на Република Северна Македонија јубилејната награда во вид на статуетка, што Филозофскиот факултет во Скопје ја доделува по повод 100-годишнината од основањето на факултетот во знак на благодарност и задоволство кон лицата, организациите и институциите кои оставиле значаен белег во работата на факултетот.

Собранието на Република Северна Македонија е меѓу тие добитници и претседателот Џафери изрази благодарност во тоа име. 

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.