Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Говори и обраќања

Четврток, 24 октомври 2019 година, Стразбур

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија на Европската конференција на претседатели на парламенти на тема „Нашиот заеднички европски дом: следните 70 години“

Дозволете во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да го честитам одбележувањето на 70 годишнината од основањето на Советот на Европа, водечката организација за човекови права во континентот во која членуваат 47 европски земји кои освен тоа што се наоѓаат на заеднички континент, имаат уште едно нешто заедничко и многу важно, односно, потписнички се на Европската конвенција за човекови права која што конвенција всушност е договор за заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото. 

повеќе...

Вторник, 15 октомври 2019 година

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија на 141. Собрание на Интерпарламентарната унија на тема „Зајакнување на меѓународното право: Улогата и механизмите на парламентите и придонесот во регионалната соработка“

Дозволете во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да ги поздравам учесниците на 141. Собрание на Интерпарламентарната Унија и да изразам задоволство што и овој пат сме собрани во овој респектабилен број и имаме можност да ги презентираме ставовите на националните институции пред овој меѓународен форум. Како и многупати претходно, така и овој пат, концептот на ова меѓународно собрание ја потврдува својата неопходна и значајна улога во адресирањето на прашањата кои се од взаемен интерес на нашите граѓани, државите и регионите. 

повеќе...

Вторник, 8 октомври 2019 година

Обраќање на претседателот Џафери на Тркалезна маса на тема „Искуства и предизвици од примената на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси“

Ми преставува чест што сум дел од оваа работилница, во која ве охрабрувам и верувам дека ќе даде резултат во однос на креирањето на Национална стратегија. Се надевам дека со моето воведно обраќање ќе придонесам во вашата работа, особено за ваква значајна тема како што е корупцијата односно борбата против корупција. 

повеќе...

Вторник, 24 септември 2019 година, Казахстан

Обраќање на претседателот Џафери на 4. Конференција на претседатели на Парламенти на евроазиските земји на тема „Поголема Евроазија: Дијалог. Доверба. Партнерство“ 

Дозволете да се обратам пред вас, во својство на претседател на Собранието на Република Северна Македонија, и да ве поздравам во мое лично име и од име на пратениците, почитувани партиципанти на оваа Конференција на претседатели на парламенти на евроазиските земји.

повеќе...

Среда, 18 септември 2019 година

Обраќање на претседателот Џафери на регионалниот настан Б2Б на Стопанската комора на Северо-западна Македонија

Имам чест денес да го поздравам во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонијаim овој настан, прв од овој вид во земјата, Регионалниот форум Б2Б, или БизнисНаБизнис и во исто време да искажам пофалби кон Стопанската комора на Северо-Западна Македонија за неуморната меѓутоа и доста значајна работа што вие ја правите.

повеќе...

Понеделник, 16 септември 2019 години

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија на Меѓународниот ден на демократијата

Денес е преубав ден, Меѓународен ден на демократијата и јас не можам а да не го споделам со вас чувството на среќа и гордост што можам да ве поздравам во мое име, и од име на пратениците во законодавниот дом, вас, младите колеги и членовите на младинските организации, и да ви честитам за тоа што сте посветени, решителни и неуморни во вашиот активизам.

повеќе...

Петок, 6 септември 2019 година  

Обраќање на претседателот Џафери по повод одбележувањето на 8 Септември - Денот на независноста

Добродојдовте на одбележувањето на овој исклучително значаен историски ден. Имам чест што денес сум домаќин на овој настан, како што впрочем е и редот, со оглед на тоа што токму овде, во законодавниот дом, во домот на граѓаните, пред точно дваесет и осум години, нашите колеги од тој пратенички состав, ја ставија на хартија и во живот одлуката на граѓаните од спроведениот референдум на 8 септември 1991 година кога вековниот сон, вековната желба за слободна, независна, суверена држава се оствари, бидејќи граѓаните се определија за таква самостојна, суверена држава, чии што основни постулати за развивање на граѓанското општество беа вградени и во највисокиот законодавен акт - во Уставот на државата. 

повеќе...

Петок, 2 август 2019, Пелинце 

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ ПО ПОВОД ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 2 АВГУСТ - ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Чест ми е што денес стојам тука пред вас, како претседател на Собранието на Република Северна Македонија, и ја имам таа привилегија да ве поздравам и посакам добредојде од име на Собранието и пратениците во законодавниот дом, тука пред Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

повеќе...

Понеделник, 22 јули 2019, КИЦ

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ ПО ПОВОД ПРОМОЦИЈАТА НА КНИГАТА „НАЦИОНАЛНО БОГАТСТВО НА АЛБАНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ ВО ШВЕДСКА“ 

На самиот почеток, дозволете да изразам задоволство што денес сме собрани тука на овој културен настан на кој ќе се промовира книгата „Национално богатство на Албанските иселеници во Шведска“, том 10-ти, што само по себе говори за континуитетот и за упорноста со која Здружението на Албански писатели и уметници „Папа Клемент XI Албани“ од Шведска ја реализира својата толку благородна мисија.

повеќе...

Среда, 17 јули 2019, Вашингтон

Обраќање на претседателот Џафери на Форумот на Демократското партнерство на Претставничкиот дом на Конгресот на САД

Ми претставува задоволство што овие два дена имаме можност да разговараме и да размениме знаења и искуства на теми коишто, како парламентарци верувам дека сите не засегаат, не обединуваат и најважно не мотивираат за конкретна работа и акција. 

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • ...
  • 13
  •               
Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.