Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Говори и обраќања

Среда, 11 декември 2019

Обраќање на претседателот Џафери на Конференцијата „Реформите во разузнавачкиот сектор во Република Северна Македонија: постигнувања, предизвици и приоритети“

Дозволете на самиот почеток да се заблагодарам во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија на ДЦАФ - организаторот на оваа Конференција со наслов „Реформите во разузнавачкиот сектор во Република Северна Македонија: постигнувањата, предизвиците и приоритетите“, што укажува на тоа дека се работи за континуитет, односно за процес којшто трае. 

повеќе...

Вторник, 3 декември 2019

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија на Националната конференција „Зголемен надзорен капацитет на Собранието преку зајакнување на соработката со надворешни актери со надзорна улога“, организирана од ОБСЕ Мисијата во Скопје

Дозволете да го поздравам почетокот на оваа конференција организирана од страна на нашите пријатели од ОБСЕ и Амбасадорот Клеменс Која, и да посакам успешна и плодна дискусија во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија.

повеќе...

Петок, 22 ноември 2019 

Обраќање на претседателот Џафери на Свечената академија по повод културно – научната  манифестација „Денови на Азбуката“

Со ова, продолжува животниот век на еден народ, односно неговата вредност и тежина. Затоа што, еден јазик е толку богат, толку вреден колку што се говори, пишува, збогатува и шири низ светот.

повеќе...

Петок, 22 ноември 2019 

Обраќање на претседателот Џафери, по повод културно – научната манифестација „Денови на Азбуката“

Дозволете ми да го изразам задоволството што го имам денес, кога ја славиме 111-годишнината од Битолскиот конгрес и унифицирањето на албанската азбука, да ве поздравам во својство на претседател на Собранието на Република Северна Македонија и во име на моите колеги пратеници да ја искористам оваа можност да го честитам најважниот ден во историјата на политичкиот и културниот развој на Албанците, бидејќи одлуките од овој конгрес претставуваат еден од столбовите што помогнаа во издигнувањето за едно скалило повисоко на албанската култура и образование, но и понатамошното консолидирање во насока на развојот и напредокот на Албанците, со јасно избирање на ориентацијата и насоката што ќе ја следат во иднина. И овој чекор, колку и да изгледа скромен за старите светски цивилизации, сепак претставува придонес и во целокупниот развој на човештвото. 

повеќе...

Четврток, 21 ноември 2019 година

Обраќање на претседателот Џафери на Спомен - академијата во чест на претседателот Вудро Вилсон, по повод 100-годишнината од Парискиот мировен договор  

Претседателот Вилсон бил визионер, дипломат и човек со јасен светоглед дека Претседателот треба секогаш да биде во служба на народот и дека народот е суверенот и тој самиот мора да одлучува за својата судбина. Тој бил против тоа да големите сили одлучуваат за судбината на малите држави, колку и да се тие немоќни. Токму овој негов принцип бил и неговиот патоказ и иницијатор за одигрување на толку важна улога за време на преговорите на Париската мировна конференција каде европските сили продолжиле со традиционалната дипломатија. 

повеќе...

Среда, 20 ноември 2019 

Обраќање на претседателот Џафери по повод Светскиот ден на децата 

Дозволете да ја искажам радоста што денес можам да бидам заедно со вас на овој убав ден - Светскиот ден на децата, и да ве поздравам во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и да кажам дека иако со Универзалната декларација и Конвенцијата за правата на децата на Обединетите нации се утврдува 20-ти ноември како Универзален ден на децата, тоа не значи дека преостанатите 364 дена не треба да го славиме, да се грижиме и да ги штитиме вашите права и да овозможиме ваш нормален раст и развој. 

повеќе...

Понеделник, 18 ноември 2019 година, Тирана, Република Албанија 

Обраќање на претседателот Џафери на Конференција организирана во координација со Американскиот Стејт Департман на тема „Религијата како инструмент на мирот“

Не помина многу време од последниот пат кога бев тука, односно на Самитот на Универзалната федерација за мир, каде ја имав честа да се обратам во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија на темата „Мирот, безбедноста и човечкиот развој во Југоисточна Европа“, што и тоа како е поврзана со темата на денешната Конференција, односно „Религијата како инструмент на мирот“. 

повеќе...

Понеделник, 4 ноември 2019 година, Будимпешта

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија на 9. Состанок на претседателите на парламенти на земјите од Југоисточна Европа за проширувањето на ЕУ

Драго ми е што можам во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, да се обратам на оваа Конференција пред моите колеги, претседатели на Парламентите на земјите од Југоисточна Европа и Вишеградската група, и да изразам длабока почит за вашата константна поддршка и искрено пријателство, за што е потврда и вашето присуство тука и Заедничката декларација, производ на овој форум. Убеден сум дека Декларацијата ќе биде проследена и прифатена со најдобрата намера, како што е и замислена.

повеќе...

Петок, 1 ноември 2019 година

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија на промоцијата на Прирачникот за МХП за парламентарци, организирана од Црвениот крст на РСМ, на тема „Улогата на државата во промовирањето на Меѓународното хуманитарно право“

Дозволете да изразам задоволство што денес имам чест да се обратам во мое лично име и од име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија и да го поздравам овој несекојдневен настан на којшто ќе се промовира овој значаен прирачник. Сепак, најпрвин би сакал да искажам огромна почит кон мисијата и делото на Меѓународниот Црвен крст, како и кон домашниот, односно Црвениот крст на Република Северна Македонија. Како хуманитарна организација која има мисија да го спречи човековото страдање, да го заштити животот и здравјето на граѓаните и да ги промовира хуманите вредности и солидарното давање помош, особено во случаи на несреќи и катастрофи, се чувствувам исполнет што денес ќе дадам мал придонес во подигнувањето на свеста за ова право кај нас, парламентарците.

повеќе...

Сабота, 26 октомври 2019, Тирана

Обраќање на претседателот Џафери на Самитот на Универзалната федерација за мир на тема „Мирот, безбедноста и човечкиот развој во Југоисточна Европа“  

Почестен сум што денес се наоѓам тука меѓу вас, и имам прилика во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да ги поздравам учесниците на Самитот на Универзалната федерација за мир, што ќе се концентрира на тема „Мирот, безбедноста и човечкиот развој во Југоисточна Европа“ воопштено

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • ...
  • 13
  •               
Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.