Најави


По завршување на 162. седница започнува 163. седница на

ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНАТА КОМИСИЈА

Предлог на дневен ред:

1. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за санитарната и здравствената инспекција, по скратена постапка;

2. Предлог-закон за дополнување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, по скратена постапка;

3. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, по скратена постапка;

4. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка;

5. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала, по скратена постапка.

Предлогот на дневниот ред се дополнува со:

1. Барање за давање на автентично толкување на член 24  од Законот за изменувaње и дополнување на Законот за  просторно и урбанистичко планирање, поднесено од градоначалникот на Општина Гази Баба;

2. Барање за давање на автентично толкување на член 27 став 1 од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, поднесено од пратеникот Хајрула Мисини;

3. Исправка на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија" број 27/14);

4. Исправка на Законот за изменување на Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија" број 28/14).

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.