Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Понеделник, 29 февруари 2016 година

Средба на претседателот Вељаноски со Делегација од Комисијата за европски прашања на Холандскиот парламент

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска оствари средба со Делегација на Комисијата за европски прашања на Холандскиот парламент, предводена од страна на г. Малик Азмани, претседател на Комисијата за европски прашања.

повеќе...

Вторник, 16 февруари 2016 година

Средба на претседателот Вељаноски со известители на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите-членки на Советот на Европа

На почетокот на средбата, претседателот Вељаноски им посака добредојде и успешна работа за време на нивниот престој. Тој ја искажа својата почит кон работата на Советот на Европа и истакна дека дава голема поддршка на парламентарната делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа. 

повеќе...

Четврток, 4 февруари 2016 година

Средби на претседателот Вељаноски во Вашингтон 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, во Вашингтон оствари средби со претседателот на НДИ, г. Кенет Волак и претседателот на ИРИ, г. Марк Грин.

повеќе...

Среда, 3 февруари 2016 година

Средби на претседателот Вељаноски во рамките на посетата на САД

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, кој престојува во Вашингтон, каде што ќе учествува на 64. Молитвен појадок, оствари средби со неколку членови на Конгресот на САД.

повеќе...

Петок, 4 декември 2015 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДОМОТ НА ПРАТЕНИЦИ НА ПАРЛАМЕНТОТ НА ЧЕШКАТА РЕПУБЛИКА, Г. ЈАН ХАМАЧЕК

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Вељаноски денеска оствари средба со претседателот на Домот на пратеници на Парламентот на Чешката Република, г. Јан Хамачек. На почетокот претседателот Вељаноски изрази задоволство од средбата и притоа нагласи дека ваквите средби претставуваат потврда за добрите билатерални односи кои ги негуваат Република Македонија и Чешката Република. Претседателот Вељаноски ја истакна досегашната одлична парламентарна соработка помеѓу девете земји на која постојано се работи како, и успешната соработка која ја има со Амбасадата на Чешката Република во Република Македонија.

повеќе...

Понеделник, 16 ноември 2015 година

Претседателот Вељаноски се потпиша во Книгата на жалост во Француската амбасада

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, се потпиша во Книгата на жалост отворена во Француската амбасада во Скопје по терористичките напади во Париз од 13 ноември 2015 година.

повеќе...

Вторник, 10 ноември 2015 година

Претседателот Вељаноски го прими извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2015 година

Евроамбасадорот г. Аиво Орав официјално го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2015 година на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски.

повеќе...

Петок, 16 октомври 2015 година

Претседателот Вељаноски на 7. Конференција на претседатели на Парламенти на земјите од Западен Балкан

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска во Будимпешта учествуваше на Седмата Конференција на претседатели на Парламенти на земјите од Западен Балкан, на покана на претседателот на Националното собрание на Унгарија, г. Ласло Ковер.

повеќе...

Среда, 14 октомври 2015 година

Прва средба на претседателот Вељаноски со новоименуваниот амбасадор на Босна и Херцеговина во Македонија, Н.Е. Лепа Бабиќ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, оствари прва средба со новоименуваниот амбасадор на Босна и Херцеговина во Република Македонија, Н.Е. Лепа Бабиќ.

повеќе...

Четврток, 8 октомври 2015 година

Плакета од Турскиот театар за претседателот Вељаноски 

Вечерва по повод 65-годишнината од работата на Националната установа Турски театар - Скопје, на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, му беше доделена Плакета во знак на благодарност за досегашната поддршка на Театарот.

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • ...
  • 10
  •            
Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.