Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Петок, 10 јуни 2016 година, Софија

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Националното собрание на Република Бугарија, г-ѓа Цецка Цачев

Во рамките на третата Пленарна сесија на Парламентарното собрание на ПСЈИЕ, претседателот на Собранието на Република Македонија оствари билатерална средба со претседателот на Националното собрание на Република Бугарија, г-ѓа Цецка Цачева.

повеќе...

Вторник, 7 јуни 2016 година

Средба на претседателот Вељаноски со новоименуваниот амбасадор на Швајцарска Конфедерација во Република Македонија, Н.Е. Сибил Зутер Техада

Претседателот Вељаноски ѝ посака добредојде и успешна работа на г-ѓа Зутер Техада за време на нејзиниот мандат во Република Македонија.

повеќе...

Среда, 25  мај 2016 година

Средба на претседателот Вељаноски со амбасадорот Јан Петерсен

Претседателот Вељаноски истакна дека како претседател на Собранието е отворен за соработка со сите институции вклучени во изборниот процес и дека доколку има забелешки во Извештајот на Мисијата ќе бидат добредојдени со цел навремено да се корегираат. 

повеќе...

Среда, 25 мај 2016 година

Проштална средба на претседателот Вељаноски со амбасадорот на Република Грција, г. Харис Лалакос 

Двајцата соговорници се согласија дека билатералните односи меѓу двете земји се подобрени. Ова особено се истакнува преку справувањето со мигрантската криза која не е само регионален, туку и глобален проблем.

повеќе...

Вторник, 24 мај 2016 година, Рим

Македонска црковно-државна делегација на молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“

По повод одбележување на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил", која секоја година се одржува во Рим, Италијанска Република, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, ја предводеше Македонската црковно-државна делегација која денеска присуствуваше на молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“. 

повеќе...

Четврток, 19 мај 2016 година

Средба на претседателот Вељаноски со амбасадорот Јоханес Хајндл

На средбата соговорниците разменија мислења во насока на што поскоро решавање на сите пречки што стојат на патот за излез од политичката криза во земјата.

повеќе...

Понеделник, 16 мај 2016 година, Рим

МАКЕДОНСКА ЦРКОВНО-ДРЖАВНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА АУДИЕНЦИЈА КАЈ ПАПАТА ФРАНЦИСК

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски денеска ја предводи Македонската црковно-државна делегација која во рамките на одбележувањето на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил", имаше аудиенција кај папата Франциск. Претседателот Вељаноски изрази благодарност за срдечниот прием и можноста да се разменат мислења и ставови кои ќе придонесат за развивање на традиционално добрите односи меѓу Светата Столица и Република Македонија.

повеќе...

Петок, 15 април 2016 година

Претседателот Вељаноски потпиша Решение за распишување предвремени парламентарни избори

Почитувани сограѓани,

Врз основа на моите уставни и законски надлежности, согласно Одлуката за  распуштање на Собранието на Република Македонија, денес го потпишав Решението за распишување предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 5 јуни 2016 година. Решението за распишување на изборите го доставив до Државната изборна комисија на Република Македонија, како орган за спроведување на изборите, до Министерството за правда и Министерството за надворешни работи. 

повеќе...

Петок, 18 март 2016 година

Учество на претседателот Вељаноски на осветувањето на новата Бискупска резиденција во Скопје

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска учествуваше на осветувањето на новата Бискупска резиденција во Скопје.

Осветувањето го изврши неговата еминенција кардинал Пиетро Паролин, кој во рамките на Светата столица, ја врши функцијата министер за надворешни работи.

повеќе...

Понеделник, 14 март 2016 година

Средба на претседателот Вељаноски со финскиот амбасадор, Н.Е. Перти Иконен

За време на средбата, соговорниците разговараа за актуелната политичка ситуација во земјата и мигрантската криза во Европа.

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • ...
  • 10
  •            
Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.