Pratenichki sostav
 
Пратенички состав


Вторник, 20 септември 2011 година

Изјава на претседателот Вељаноски по повод потпишувањето на Меморандумот за соработка

Ваша Екселенцијо, Амбасадоре на Велика Британија, Кристофер Ивон,                     
Дами и господа пратеници,
Почитувани присутни,

Со големо задоволство ја продолжуваме досегашна тригодишна соработка со нашите британски пријатели, Британската амбасада во Скопје и Вестминстер фондацијата за демократија. И во наредните две години заеднички ќе ги јакнеме капацитетот на Собранието на Република Македонија, нашата претставничка, законодавна и надзорна функција.

Со Меморандумот кој штотуку го потпишавме се продолжува досегашната соработка и работни посети меѓу пратенците од македонското Собрание и нивните колеги од британскиот Парламент. 

И оваа соработка за јакнење на парламентарниот капацитет, како и повеќе останати, ја реализираме заеднички, тимски. Сите потпретседатели и координатори на пратеничките групи непосредно учествуваат во обликувањето и реализацијата на зацртаните активности!

Меморандумот за соработка предвидува повеќе активности, како што се:

  • воведувањето на модел за проценка на влијанието на законодавството;
  • јакнење на надзорната улога и
  • развивањето на добра законодавна пракса со јавни консултации.

Исто така, насочено ќе продолжи обуката на сегменти од собраниската стручна служба.

Предвидено е да се направи пресек и осврт на досега сработено во Парламентот, а како резултат на нашата досегашна плодна соработка, која поинтензивно започна уште пред три години, со одржувањето на Вилтон Парк конференцијата.

Исто така, во оваа насока е предвидена активност насочена кон јакнењето на улогата на Собранието во процесот на пристапување кон Европската унија.

Во оваа прилика би сакал уште еднаш да се заблагодарам на поддршката која ја добиваме од нашите британски пријатели и колегите пратеници од британскиот парламент.

Очекувам со спроведувањето на предвидените активности значително да го зајакнеме нашиот вкупен парламентарен капацитет.

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.