Pratenichki sostav
 
Пратенички состав


Вторник, 5 април 2011 година, Брисел

Втор ден од Конференцијата на претседатели на парламенти на држави-членки и кандидати за членки на ЕУ

Вториот ден на Конференцијата на претседатели на парламенти на држави-членки и кандидати за членки на ЕУ во Брисел, е посветен на последиците од светската економска криза, стабилноста на еврото и улогата на парламентите во сферата на европското управување и заздравување.

На оваа тема, свое обраќање имаше и претседателот на Македонското собрание, г. Трајко Вељаноски, кој се осврна на мерките и моделот со кои Република Македонија се справи со последиците од светската економска криза.

Претседателот Вељаноски, во рамките на Конференцијата, оствари неколку кратки билатерални средби со свои колеги, претседателите на Парламентите на Малта, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Турција, Австрија и Холандија. Од страна на претседателот Вељаноски, беше иницирана средба за парламентарна соработка и со претседателот на Парламентот на Грција, г. Филипос Петсалникос, но грчката страна не покажана заинтересираност за средбата и избегна почетна парламентарна соработка.

Инаку, на крајот на првиот ден од Конференцијата, прием за претседателите на Парламентите приреди Неговото височество Кралот Алберт II.

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.