Pratenichki sostav
 
Пратенички состав


Понеделник, 28 ноември 2011 година, Лондон

Посета на претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски на Британскиот Парламент

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, од денеска е во тридневна посета на Велика Британија, со собраниска делегација  во чиј состав се тројцата потпретседатели - Светлана Јакимовска, Сузана Салиу и Јани Макрадули, како и координаторите на пратеничките групи застапени во македонскиот парламент.

Во текот на денот, претседателот оствари средба со  баронесата Д'Соуза, претседател на Горниот дом (Домот на лордовите) во британскиот Парламент во Лондон.

На средбата двете страни изразија задоволство од досегашната парламентарна соработка на двата парламента. Британскиот парламент, преку акцискиот план од Вилтон Парк од 2007 година, позитивно делуваше во работата на македонското собрание. Претседателот информираше дека во Собранието на Република Македонија се донесени Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија и Законот за Собранието, а политичкиот дијалог се остварува преку координативните средби кои се одржуваат секој понеделник.

Исто така, стана збор и за Извештајот на Европската комисија, кој за Република Македонија три години по ред е позитивен, притоа ставајќи акцент на делот на Собранието како придонес на сите политички партии.

И покрај евидентниот напредок на Република Македонија сè уште се блокира македонското приклучување кон НАТО и ЕУ од страна на Грција.

Вељаноски истакна дека одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, за која има навестување дека ќе биде поволна за Република Македонија, е посебно важно пред следниот самит на Алијансата, напролет во Чикаго.

Како и секоја година досега, Република Македонија и Собранието на Република Македонија ќе продолжат во решавање на нотираните забелешки од Извештајот на Европската комисија.

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.