Pratenichki sostav
 
Пратенички состав


Понеделник, 7 септември 2009

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Вељаноски на приемот по повод Денот на независнота на Република Македонија 8 септември

Почитуван претседателе на Република Македонија, г-н Ѓорге Иванов
Почитуван претседателе на Владата на Република Македонија, г-н Никола Груевски
Почитувани колеги пратеници,
Почитувани министри,
Почитувани претставници на верските заедници,
Ваши екселенции, дами и господа, драги пријатели,
Осми септември 1991 година заедно со двата Илиндена претставуваат три датуми во историјата на македонскиот народ и на граѓаните на Република Македонија кои се тесно поврзани со вековните стремежи, борби и сонувања за самостојна држава.

повеќе...



Четврток, 27 август 2009

Говор на претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски по повод јубилеен 15-ти тетовски фолк фест

Почитувани пријатели, браќа и сестри
Македонскиот народ е познат по тоа што токму преку народните песни и игри ги изразувал своите чувства и кога бил среќен и кога тагувал, кога заминувал на печалба но и кога се борел за својата слобода.Духовноста и вербата во Бога повеќе од две илјади години се дел од идентитетот на македонскиот народ. Но, во тој идентитет музиката наша, онаа народната исто така треба да се свати и како дел од таа духовност и верба во Бога и како дел од нашиот идентитет.

повеќе...



Пелинце, 2 август 2009 година

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски по повод одбележување на 65 години од асном

Уважени борци, учесници на антифашистичката борба,
илинденски потомци и следбеници,
Почитувани претставници на Македонската Православна Црква и на другите верски заедници, 
Дами и господа, екселенции,
Почитувани претставници на Владата на Република Македонија,
Почитувани претставници на Армијата на Република Македонија,
Почитувани претставници на локалната самоуправа, 
Драги пријатели,

Денеска ги славиме двата илиндена. Оној од 1903 година на Гоце, на Никола Карев, на Ѓорче Петров, на Питу Гули и вториот Илинден од 1944 година  на Ченто, на Рацин, на Брашнаров, на Кузман. Ако првиот Илинден беше израз на македонскиот непокор, вториот Илинден ја донесе победата.

повеќе...



Вторник, 7 јули 2009 година

Претседателот Вељаноски го отвори 48-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во Охрид

Балканскиот фестивал на народни песни и игри со својата содржина денеска претставува препознатлива културна манифестација не само за Охрид и за Макeдонија, туку и во регионот, но и пошироко. Причината за ова е фактот дека неговата содржина ни ја претставува една од оние најзначајни креативности на човекот, но и универзална вредност на човековата цивилизација, а тоа е музиката и фолклорот. Во истовреме народните песни и фолклорот се дел од културното и националното битие на секој народ.
Ваквите манифестации имаат и уште една многу значајна димензија, а тоа е запознавањето со културата на најразлични народи и надминување на некои стереотипи, па, ако сакатe и антагонизми кои за жал се присутни.

повеќе...



Среда, 24 јуни 2009 година

Обраќање на претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски по повод 10-годишниот јубилеј на Државниот завод за ревизија на Република МАкедонија

Навистина ми претставува задоволство што денеска со Вас го споделувам јубилејот од десетгодишното работење на Државниот завод за ревизија.
Законот со кој е формиран Државниот завод за ревизија и кој го дефинира неговиот мандат е донесен во 1997 година и досега се направени пет измени и дополнувања, со цел во него да се инкорпорираат основните начела на Лима - декларацијата во која се содржат водечките упатства и принципи во ревизијата, како и одлуките на 17-от Конгрес на Меѓународната организација на врховни ревизорски институции од Сеул.
Со ова е создадена законска рамка која ги обезбедува највисоките правни стандарди кои денеска се присутни во Европската унија и воопшто во меѓународната заедница, а се однесуваат на  државната ревизија.

повеќе...



Вторник, 5 мај 2009 година

Обраќање на претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски на свечена седница по повод одбележување на 60 години од основањето на Советот на Европа

Почитуван претседателе на Владата на Република Македонија и членови на Владата, почитувани колеги пратеници, екселенции, дами и господа "Јас ги гледам овие 12 ѕвезди како потсетник дека светот може да биде поубав ако имаме храброст одвреме навреме да погледнеме кон нив". Овие зборови пред 19 години од говорницата на Парламентарното собрание на Советот на Европа ги изрече Вацлав Хавел. Денеска, драги пријатели во Советот на Европа светат 47 ѕвезди кои обединуваат околу 800 милиони Европејци. Идеjата за обединета Европа и формирање на претставничко тело кое ќе биде овластено да зборува, односно дејствува во име на цела Европа потекнува уште од деветнаесеттиот век. По завршувањето на Втората светска војна се појавиле голем број на движења и организации кои се залагале за обединување на Европа. Во 1947 година овие групи се здружиле и го формирале "Меѓународниот комитет на движењата за европско обединување", чија цел била координирање на активностите и зголемување на ефикасноста на различните европски движења. Резултат на ова беше познатиот Конгрес во Хаг одржан на 17 мај 1948 година, познат како Конгрес за Европа.

повеќе...



Четврток, 05.03.2009

Обраќање на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во Народното Собрание на Република Бугарија

За мене е голема чест што имам можност од говорницата на највисокиот демократски законодавен дом на Република Бугарија да се обратам до вас, легитимни претставници на граѓаните на Република Бугарија. Таа чест и задоволство, но истовремено и одговорност е уште поголема ако се има предвид фактот дека Република Македонија и Република Бугарија се соседни пријателски држави кои имаат високо развиени политички, економски и културни врски, па се до оние секојдневни обични човекови односи кои ги имаат воспоставено нашите граѓани.

повеќе...



Четврток, 26.02.2009

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски по повод отворањето на Собраниската библиотека

Секој човек по својата природа тежнее кон знаење. Секое семејство, пак, во својот дом има катче кое му дава посебна топлина, полици каде се сместени омилените книги од кои за првпат сме се запознале со новите нешта и од каде сме ги ширеле нашите духовни хоризонти. Нашиот парламентарен дом од денес добива токму ваков репрезентативен простор со повеќе катчиња, кој треба да стане значаен замаец во зајакнувањето на истражувачкиот капацитет на Парламентот.

повеќе...



22.02.2009

Говор на претседателот Трајко Вељаноски пред Здружението на Хрватите во Република Македонија

Навистина ми претставува големо задоволство денеска да сум со вас на вашето годишно Собрание на кое ги сумирате вашите резултати, но и ќе ги донесете вашите програми за во иднина.

повеќе...



27.01.2009

Обраќање на претседателот Трајко Вељаноски на свечената Светосавска академија, МОБ

Навистина ми претставува големо задоволство вечерва, овде со вас како наши сограѓани, припадници на српската етничка заедница, да го споделиме големиот празник на српскиот народ ,,Денот на просветата,, со кој се одбележува датумот на спалувањето на моштите на Свети Сава во далечната 1594 година.

повеќе...

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.