Вторник, 18 јануари 2022

СРЕДБА ЈОВАН МИТРЕСКИ - КРИСТИАН ВИГЕНИН

Координаторот на пратеничката група на СДСМ и Коалицијата, Јован Митрески, денеска во Собранието на Република Северна Македонија имаше средба со заменик-претседателот на Народното Собрание на Република Бугарија, Кристиан Вигенин, на која беше потврдена заедничката определба за унапредување на меѓусебните односи, но и на регионалната соработка пошироко.

повеќе...

 

Петок, 14 јануари 2022

АДЕМИ - УЧЕСТВО НА КОСАК КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ПАРИЗ

Денеска, претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието, Арбер Адеми, учествуваше на виртуелната Конференција на комисиите за европски прашања на земјите ЕУ членки-КОСАК, што се одржува  во Франција, во рамките на Францското претседателство со ЕУ.

повеќе...

 

Четврток, 13 јануари 2022 

ПРЕЗЕНТИРАНА ПРОГРАМАТА НА ФРАНЦУСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО СОВЕТОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА 2022 ПРЕД НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

Националниот совет за евроинтеграции денес ја одржа Шестата седница на која беа презентирани Програмата и приоритетите на Француското претседателството со Советот на Европската Унија за периодот јануари - јуни 2022 година, од страна на амбасадорот на Француската Република, Н.Е. Сирил Бомгартнер.

повеќе...

 

Среда, 19 јануари 2022

СРЕДБА НА КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЧКИ СО ЈАПОНСКИ СТУДЕНТИ

Претседателството на Клубот на пратенички на Собранието, на 21 јануари 2022 година (петок), со почеток од 09:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, ќе одржи средба со студенти од Универзитетското училиште за напредни меѓународни студии „Џон Хопкинс“ (The Johns Hopkins University School of Advanced International Studies - SAIS) од Јапонија.

повеќе...

 

Четврток, 30 декември 2021

ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЕЦ СВЕЖО ЦВЕЌЕ

По повод 10-годишнината од упокојувањето на поранешниот претседател Киро Глигоров, делегација на Собранието во состав: Марија Георгиевска, Бети Стаменковска-Трајковска и Илија Николовски, на 1 јануари 2022 година (сабота), во 12:00 часот, ќе положи венец свежо цвеќе на вечниот дом - Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје.

повеќе...

 

Четврток, 23 декември 2021

ЈАВНА РАСПРАВА НА ТЕМА: ПРЕДЛОГ- СТРАТЕГИЈА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ 2021 - 2026

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието, на 24 декември 2021 година (петок), во 13:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, на својата Шеста седница, ќе одржи Јавна расправа на тема: Предлог-стратегија за родова еднаквост 2021 - 2026.

повеќе...

 

Вторник, 3 август 2021

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КОМИТЕТОТ ЗА ОДНОСИ МЕЃУ ЗАЕДНИЦИТЕ, АРБАНА ПАШОЛИ, СО ФИЛИПЕ КЕРН

Претседателката на Комитетот за односи меѓу заедниците, Арбана Пашоли, денеска оствари средба со Филипе Керн, основач и директор на КЕА European Affairs, меѓународен истражувачки центар за култура, спорт, едукација и млади.

повеќе...

 

Среда, 27 јанаури 2021 година

СРЕДБА НА НИКОЛОСКИ СО АМБАСАДОРОТ НА КРАЛСТВО ШПАНИЈА

Николоски на средбата информираше за улогата, целите и надлежностите на Националниот совет за евроинтеграции, принципот на консензуално одлучување и инклузивниот карактер на телото, кое дава можност за расправа на преставници не само на законодавната и извршната власт туку и на општествениот сектор, МАНУ, ЗНМ, ЗЕЛС, стопанските комори, религиските заедници. Николоски изрази благодарност за поддршката која Шпанија ја дава за европската интеграција, како на политичко така и на експертско ниво. 

повеќе...

 

Петок, 15 јануари 2021 година

СРЕДБА НА НИКОЛОСКИ СО АМБАСАДОРОТ НА ХРВАТСКА 

Николоски информираше за конституирањето на Националниот совет за евроинтеграции, за надлежностите и составот на телото, неговата улога во процесот на пристапните преговори, како и за принципот на донесување на одлуки со консензус. Претседателот на Советот изрази задоволство од континуираните добри односи со Хрватска, која како земја членка на ЕУ и близок пријател на Македонија, дава поддршка и придонесува за позитивна афирмација на државата на нејзиниот евроинтегративен пат. 

повеќе...

 

Вторник, 19 октомври 2021

УСВОЕН ИЗВЕШТАЈОТ ЗА НАПРЕДОКОТ НА НАШАТА ЗЕМЈА КОН ЕУ

Европската комисија денеска го усвои Пакетот за проширување за 2021 година, составен од Комуникација за политиката на проширување на ЕУ и годишни извештаи, со детална проценка на состојбата и напредокот на Западен Балкан и Турција на патот кон Европската Унија, со посебен фокус на спроведувањето на основните реформи и претстојните реформски приоритети.

повеќе...

 

Вторник, 5 јануари 2021

ПОРТУГАЛИЈА - НОВ ПРЕТСЕДАВАЧ СО СОВЕТОТ НА ЕУ

Со стартот на новата година, Португалија го презеде ротирачкото претседателство со Советот на Европската Унија.

повеќе...

 

Петок, 18 декември 2020

„САХАРОВ“ ЗА ДЕМОКРАТСКАТА ОПОЗИЦИЈА ВО БЕЛОРУСИЈА

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, ја додели наградата „ Сахаров“ за слобода на мислење за 2020 година на Демократската опозиција во Белорусија.

повеќе...

 
Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.